Кој е нашиот Христос? – Старец Емилијан Симонопетриски

Без разлика дали веруваме или не, ние му припаѓаме на Бог. Без разлика дали разбираме или не, дали го чуствуваме Неговото присуство или не, се радуваме на Неговото присуство или не, Тој постои. Тој е мој Бог. Тој е мојот Господ. Дури и во моменти на темнина и страв, кога Бог не постои за мене, Тој сеуште постои. Кога се чуствувам како жив-неуспех, кога сите мои напори изгледаат бесплодни, кога мојот живот изгледа постанал суетен, Христос е сеуште мојот Христос. Тој е тука за мене што и да се случи. Тој постои без разлика на моите способности, капацитет и поимање. Јас можеби си мислам дека Бог е мал. Но, Бог е голем. Можеби мислам дека Бог не ме слуша, но ме слуша. И Тој ми се даде целосно мене, за да знам дека постои само еден неуспех за мене: да ја прекинам врската со Оној кој “Е”.

Старец Емилијан од Симонопетра

Превод: Д. Б.