Да не се плаши срцето ваше (Јн. 14, 1)

Често се случува подвижникот да не може да го победи својот стар човек и покрај мразењето и одбивањето на своите страсти. Според традицијата на нашата Црква, оваа состојба се смета за “покајание”. Престанува да биде “покајание” штом човек се откажува да се бори и вели: „Јас не можам повеќе. Нема ништо за мене.“ Ова се смета за „очај“. Црквата го осудува како “богохулство” против Светиот Дух и го отстранува и одбива овој член како расипан и богохулен, бидејќи се свртува против Господовата добрина.Под никакви околности не треба да дозволиме нашата вера да се намали. Нека никој не мисли дека е невозможно да се постигне сеопфатно покајание која е состојбата, во која што нашиот Исус повикал да го следат. Ние ќе го постигнеме тоа со благодатта на Исус. Тоа не е можно да се постигне со човечки напор и сопствен труд. Ова е себично и Светите Отци го осудиле… ако останеме верни и не се вратиме во нашата намера, сигурно ќе успееме. Ова е вистината.

Нашите Отци не прифаќаат друг начин. Било кој друг начин на размислување се смета за “очај”. Не постои такво нешто како “Јас не можам да одам повеќе“. Зошто не можеш повеќе? Ние имаме сила преку нашиот Исус. “Јас можам да ги направам сите нешта преку Оној Кој ме зајакнува” (Фил 4:13).

Старец Јосиф Ватопедски

 

Превод: Дамјан Божиновски