Чувај не Боже од побожни луѓе – Ѓакон Ненад Илиќ

„И да знаете, оние религиозни луѓе, кои најчесто ги нарекуваме „побожни луѓе“, се најопасни. Тие побожни луѓе се многу опасни. Бог да нè сочува од нив. Зашто побожниот, т. е., религиозниот човек ја претставува својата личност, која никогаш немала личен однос со Бога.

Побожниот човек пости, исполнува молитвени и разни други „правила“, ја исполнува должноста пред Бога, но нема никаков сериозен однос со Него, и затоа Бог, на ваквата личност, не ѝ открива никогаш ништо.

И ете, ви сведочам и признавам од лично искуство, дека во животот не сум сретнал поголеми непријатели и опасност за Црквата, од луѓето [кои се убедени дека се] побожни.

Митрополит Атанасиј Лимасолски

„Залудно ни е сè, ако заборавиме дека правилата и ритуалите, без личниот молитвен однос со Бога, без искрен трепет, но и надеж дека ќе останеме со Него во врска, без љубовта кон Бога во себе и во оние околу себе – не значат ништо.

Самоуверено „побожните“ навистина некогаш нанесуваат голема штета.

Огромна е разликата меѓу религиозните, „побожни“ луѓе и оние кои се борат за својата вера, која никогаш не е доволно голема и силна“.

Ѓакон Ненад Илиќ