Го проживеав денешниот ден – имаше ли некој полза од тоа?

Секоја ноќ си го поставувам тоа просто прашање: го проживеав денешниот ден – а некој имаше полза од тоа? Ете сум јас, познат актер, рокер – можам со вас да разговарам така, по жица да одите. Но зарем ќе ми биде подобро од тоа? Или вам? Едно од имињата на ѓаволот е „оној кој разделува“. Внатрешниот ѓавол ми вика: во право си старче, построј ги сите! Се трудам да не бидам таков. Се движам во работата над својата душа секој ден. Со чекори на комарец.

Не сакам со ништо да се гордеам: ни со својата улога во филмот „Остров“, ни со своите стихови, песни – сакам од крајот да гледам на сето тоа. За мене, секој ден е чудо. За мене, небото секој ден е различно. И ниеден ден не е сличен на другите. Среќа е што почнав тоа да го забележувам. Многу работи пропуштив, и многу ми е жал. За тоа, секако, плачам во себеси. Сè можеше да биде почисто, подобро. Еден човек ми рече: ти напиша такви песни, затоа што пиеше вотка. Но, јас не ги напишав благодарение на вотката, туку напротив. Од моите 60 години велам: не смее да се губи ни минута во животот, имаме многу малку време, животот е краток, и во него може да биде прекрасен секој миг. Најважно е наутро да станеме и да исчистиме наоколу. Ако се разбудам со лошо расположение, не се фаќам одма за виното, туку велам: „Господи, нешто ми е лошо. Се надевам на тебе, сам ништо не можам да направам“. Тоа движење е најважно.

 

Петар Мамонов

руски рок-музичар и актер