Во Конго Исламските екстремисти убиле 36 христијани

Исламските екстремисти убиле, најмалку 36 христијани во месноста Рвангома (Rwangoma) во близина на г. Бени, во Демократската Република Конго. Овој напад е најжесток за последните две години, соопштува Седмица ру.

Извршниот директор при Центарот за изучување на развојот на мирот, демократијата и човековите права, Омар Кавота изјави за Рејтер, дека добил информации за повеќе од 50 убиени.

Следниот ден после масакрот во Рвангома, на 14 август, десеттици демонстранти се собрале во Бена, носејќи го телото на еден од загинатите и скандирајќи со протестирачки пароли. И дури изминатата недела, претседателот Џозеф Кабила го посетил тој регион и ветил дека ќе работи на тоа да се востанови мирот.

Војниците на малку познатата групација „Национална асоцијација за ослободување на Уганда“ (ADF-NALU) се обидуваат да го искоренат христијанството од северо-источниот дел на Конго, вршејќи напади, силувања, грабежи и убиства. Случаи на насилство се евидентираат речиси секоја недела.

Главна цел на терористите на ADF-NALU – е да ја симнат власта во Уганда и да ја заменат со исламистичка. Тие биле принудени да се предислоцираат во Конго, каде што започнале да извршуваат убиства и грабежи на месните жители. И покрај изјавата за завршување на борбата, направена од групацијата во 2007 г., месните епископи и граѓанското опшество нееднократно ги осудувале нападите на мирните жители, извршени од ADF-NALU, после 2007.

Еден од последните крвави напади бил извршен во ноември, 2015 г., кога терористите влегле во г. Ерингети, кој претходно се сметал за еден од најбезопасните. Според зборовите на месниот пастор Киверои, биле убиени повеќе од 20 луѓе, 50 домови биле запалени, болници, аптеки, продавници ограбени. Христијанската општина, која ја возглавувал тој, опустела. „Порано во нашата црква имаше 350 луѓе. После овој напад останаа само 10“, – раскажа Киверои. Многу цркви во регионот се затвориле.

Извор: http://www.pravoslavie.ru/96270.html