Во Грузија, молитвено одбележан споменот на старец Гаврил Ургебадзе (јуродив)

Денес се исполнија две години од откривањето на моштите на светиот старец Гаврил Јуродив Грузиски. Во манастирот Самтавро се отслужи празнична богослужба, на која чиноначалствуваше духовникот на манастирот, архимандрит Лазар (Гагнидзе).

„Денес, на богослужбата имаше многу луѓе. Причината е во тоа – што точно пред две години беше отворен гробот на старец Гавриил (Ургебадзе), и беа пронајдени неговите свети мошти.“

229521.p
Духовникот на манастирот, о. Лазар

После богослужбата, архимандритот Лазар се обратил кон присутните со проповед.

Пред две години, во Грузија се случи нешто незамисливо, нешто што не се случило во поновата историја, рече архимандритот Лазар.

„Православните од цела земја се собраа крај гробот на јуродивиот отец Гавриил уште неколку дена пред откривањето на неговите свети мошти. Пристигнаа верници и од многу други земји. Тоа беше празник на Православието!“

„Во моите спомени, засекогаш е запечатен блажениот, светол лик на отец Гавриил. Во неговиот светол поглед немаше ни трага од неговиот трнлив животен пат; тој трпеливо го носеше бремето на тешката болест, остануваќи смирен и целосно доверен на својот Бог“, – рече тој.

Исто така, епископот Тианетскиј и Пшав-Хевсуретски Михаил (Габричидзе) рече: „Се сеќавам, ноќта пред мојот монашки постриг, заедно со моите духовни браќа бевме во премногу восхитено расположение. Гледајќи ја таквата духовна раслабленост, отец Гавриил строго, но со љубов ни рече: „Што правите бе вие, бандити? Зарем навистина мислите дека станавте монаси?“ Потоа, прегрнувајќи не, ни рече: „Ве сакам, сите, браќа мои! Ах, колку маки и тешкотии ќе треба да поднесете!“

Неговите очи се наполнија со солзи. Кој знае, што тој ни предвиде тогаш?!

Но, без оглед на маките, страдањата, навредите, понижувањата, самиот тој секогаш одговарал само со љубов, постојано повторувајќи: Бог е љубов“.

 

Константин Церцивадзе, Давид Дарџанија

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru/90888.html

Поврзано:„Ајде, јас сега ќе те излекувам…“ – од чудата на старец Гавриил Ургебадзе

Главен е стремежот кон Бога – старец Гавриил Ургебадзе