Велики Четврток – Света Тајна Елеосвештение

На 28.04.2016 г, во светиот и Велик Четврток, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Василиева Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола. 

После Литургијата, беше извршена светата Тајна Елеосвештение, во која, на овој ден, може да се помазаат сите верни.

„А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека го фали Господа! Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат. Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да се исцелите: голема сила има усрдната молитва на праведникот. Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд: +и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. И пак се помоли: и небото даде дожд, и земјата го даде својот плод.“

(Јак. 5, 13-18)

P1280521 P1280532 P1280560

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА