Тајната за долговечноста на Светогорските монаси

Монасите на Света Гора припаѓаат на бројот на долговечните луѓе и живеат, просечно 10 години повеќе од обичните грци. Изучувајќи ги манастирските гробишта, научниците забележале, дека просечната возраст на погребени монаси е од 87-89 години.

Притоа, средната старост на животот на мажите во истата Грција – е 78 години.

Монашкиот начин на живот може да стане пример за сите, кои сакаат да бидат здрави, смета професорот на Солунскиот универзитет, Хараламбос Аидонопулос.

Манастирската трпеза, секогаш се служи двапати дневно – наутро и навечер, и се придружува со молитви до и после. Јадат молчејќи, слушајќи го Светото Писмо или извадоци од житијата и учењето на светите отци на Црквата.

Монасите на Света Гора употребуваат голема количина на маслиново масло, а во посните дни, се откажуваат и од него. Тие јадат малку белковинска храна, многу зеленчук, притоа, изворот на протеини за нив – е рибата.

Во книгата „Диетата на Света Гора Атон“ се зборува за тоа, дека долговечноста на монасите ја помага простата здрава храна и строгите пости.

Во монашката реалност отсуствуваат продукти на фастфуд, пица, салами, колбаси, кои толку им се привични на мирјаните. Тие не употребуваат храна, која содржи конзерванси. И се разбира, монасите не пушат.

Доколку се направи дневен распоред по принципот на монашката исхрана, во неделата ќе има три умерени дни, три посни, и еден празничен.

За време на посните дни – понеделник, среда и петок – не се употребуваат млечни продукти, риба, месо, алкохол, јајца и масло. Во денот, доволно е да се изедат неколку овошја, зеленчук, ореви, грашок.

Во умерените дни – вторник, четврток, сабота – дозволени се млечни продукти, маслиново масло, риба, јајца. Се дозволува малку црвено вино, неговата умерена употреба само на трпеза, го спречува образувањето на тромбови, ја стимулира работата на срцето и го намалува нивото на холестерол. Но од шеќер, месо, треба да се откажат.

Таа храна се дозволува во некои манастири и само еднаш неделно, во празничниот ден – недела. Во тие дни, монасите јадат пирошки, риба, благо.

Светогорските монаси водат активен начин на живот, многу работат, и во тоа е тајната на нивната долговечност. Секој манастир самостојно се обезбедува со речиси сè што им е неопходно за исхрана, кое е свежо и еколошки чисто.

И уште еден, доста важен факт: распоредот на денот на монасите на Света Гора е поврзан со смената на денот и ноќта, што овозможува природен ритам на сонот.

Извор: http://athos-ukraine.com