Тридневна жалост во Каиро. Се одржа погребот на 23 убиени Коптски христијани

Во Каиро се одржа опелото за загинатите жртви од терористичкиот напад, кој однесе 23 животи. Траурната служба во црквата на Пресвета Богородица и Свети Атанасиј, во главниот реон на Мадинат-Насар ја одржа коптскиот патријарх, папа Тавадрос II.

Читајќи ја молитвата за покој на душите на невино убиените, меѓу кои имало многу жени и деца, главата на египетските христијани заплака. Всушност, плачеа сите, кои се собраа во храмот, за да ги испратат на последниот пат загинатите за време на експлозијата.

coptic patriarchКаде и да се наоѓате – се обрати Тавадрос II кон организаторите на неделниот терористички напад во христијанската црква – нема да видите спокој на совеста и душата сиот свој живот… Со што ќе се оправдате пред Бога за време на Страшниот Суд? Како ќе ги објасните болките и страдањата кои ѝ ги направивте на цела нација? Крвта од невините луѓе на вашите раце ќе се сврти против вас“.

После опелото, млади луѓе на раце ги изнесувале од храмот ковчезите со жртвите од терористичкиот акт. Тие биле погребени на градските гробишта. По решение на властите, роднините на починатите ќе добијат материјална компензација од 100 илјади египетски фунти ($5555,00), како и секој месец ќе им се исплаќа пензија. На постраданите, вкупно ќе им се исплатат по 30 000 фунти.

За време на масовниот погреб во Каиро значително беа засилени мерките за безбедност, со зголемување на бројот на полициските службеници. Многу училишта, од безбедносни причини, порано ја завршиле наставата.

Терористичкиот напад се случил неделата утрото, во црквата „Ал-Бутросија“, на територијата на главниот коптски соборен комплекс. Експлозијата се слушнала веднаш после почетокот на утринската неделна служба, кога во храмот се собрал многу народ. Според досегашните податоци, чантата во која се наоѓале 12 килограми моќен експлозив, ја донела непозната жена и ја оставила покрај клупите, назначени за жени и за деца. Како резултат на експлозијата, животот го загубија 23 луѓе, а повеќе од 70 се ранети.

Извор: https://pravoslavie.fm/novosti/koptskiy-patriarkh-zaplakal-vo-vremya-otpevaniya/