Руската Православна Црква не учествува на Соборот на Крит (видео)

Вечерва, во Москва се одржа вонредна седница на САС на Руската Православна Црква, по повод одржувањео на Сеправославниот Собор.

На прес-конференцијата, Митрополитот Иларион (Алфеев), соопшти, дека доколку не учествуваат Бугарската, Грузиската и Антиохиската Црква, кои веќе изјавија дека нема да одат на Соборот, и Руската Црква нема да учествува:

„Ние уште во шесдесеттите години настојувавме, дека сите решенија на Сеправославниот Собор треба се донесат со консензус, т. е., едногласно. А консензус, подразбира учество на Сеправославниот Собор на сите општопризнаени автокефални, помесни православни цркви. Значи, доколку и само една црква отсуствува, според наша гледна точка, нема консензус“ – изјави Владиката Иларион.

„Поради откажувањето на неколкуте помесни цркви, Руската Православна Црква испрати предлог до Вселенскиот Патријарх, во назначеното време, на десетти јуни, подготвително Собрание, на кое ќе се разрешат сите насобрани проблеми, за да можат сите Православни Цркви да земат учество на Соборот. Но, за жал предлогот не беше прифатен. Одговорот беше, дека нема време за Сеправославен совет, и последниве два дена официјално се откажаа да учествуваат на Соборот и Антиохиската и Грузиската Црква, а Српската Православна Црква предложи да се одложи датумот за одржување на Соборот“.

Основниот регламент на Сеправославниот Собор вели, дека Константинополскиот Патријарх може да свика Сеправославен Собор во согласност на сите Православни Цркви. Следствено, доколку Соборот се одржи, тоа ќе претставува нарушување на регламентот.

 

 

Извор: http://pravoslavie.fm