Писмо од Мухамед до христијанските монаси

Според преданието на христијанските монаси од манастирот „Света Екатерина“ на Синај, пророкот Мухамед често го посетувал нивниот манастир и водел разговор со христијанските свештеници. Овој документ е напишан 626 година, а се состои од неколку одредби на теми кои се поврзани со живтот на христијаните под исламско управување и го носи препознатливиот печат на пророкот.

Султан Селим Први, оригиналното писмо го однел во Истанбул (1517 г.), каде се чува и ден денес во музејот „Топкапи“, а на барање на монасите направена е копија и оставена е во свештениот манастир. Содржината на писмото е следна:

„Ова е порака од Мухаммед ибн Абдуллах, како завет за оние што го примаат христијанството, во близина и далеку, ние ги поддржуваме. Навистина, јас, слугите, помошниците и моите следбеници – ги браниме, зашто христијаните се мои граѓани; ова го кажуваме во име Божјо! Се противам на сè што не им е угодно.

Врз нив не смее да се демонстрира сила. Нивните судии не смеат да бидаат избркани од работа, ниту нивните монаси од нивните манастири. Никој не смее да го уништи домот на нивната вера, да го оштети, или да изнесе нешто од него. Доколку некој земе било што од нив, тој ќе го погази Божјиот завет и ќе биде непослишник пред неговиот пророк. Навистина, тие се мои сојузници и имаат моја повелба против сè што мразат. Никој не смее да ги принуди да патуваат, или да ги обврзува да се борат.

Муслиманите мора да се борат за нив. Ако христијанска се омажи за муслиман, тоа не смее да се случи без нејзино одобрување. Таа не смее да биде спречена да ја посетува својата црква и да се моли. Нејзините цркви мора да се почитуваат. Нивните обнови не смеат да се спречуваат, како ни светоста на нивниот завет. Никој од сите муслимански народи не смее да се оглуши на овој завет до крајот на светот.“
Извор: http://agapi.mk/pismo-od-muhamed-do-hristijanskite-monasi/