Од Писмата на отец Серафим Роуз / Писмо 18-то

23 септември/6 октомври 1964 г.

Драг Глеб!

Не му пишувај на владиката Виталиј, пред да дојдеш тука овој викенд. Тој ни испрати збунувачка сметка, и треба да ја исправиме. Не се сеќавам, што уште сакав да те замолам да направиш, но тоа може да почека до сабота.

Нема да ја препознаеш печатницата. Ги добив сите машини, и можеме да почнеме да печатиме ……………………! Речиси го завршив бирото, и убаво излезе. Имам обрасци од 4 вида хартија, но за неа ќе ни требаат пари. Што се однесува на сликата за корицата, имаш право. Но мислам, дека во насловот за печатење треба да стои „The“.

Мислам дека најдов уште еден човек, кој би имал можност да ни помага да печатиме.

Дај ми до знаење, кога ќе дојдеш. Ако не ми напишеш, ќе бидам на станицата Грејхаунд во 7.45 ч.

Моли се за мене.

Твојот брат во Христа,

Евгениј.