Од Писмата на отец Серафим Роуз / Писмо 17-то

9/22 септември, 1964 г.

Драг во Христа, брате Глеб!

Слава Му на Господ! Печатницата веќе е купена и ќе ја донесат (се надевам) во четврток. (А ако не ја донесат тогаш, веројатно, нема да биде подоцна од следниот вторник, така да, не се плаши ако не ја видиш оваа сабота). Исто така ја изнајмив сета опрема, затоа, сè што сега ни треба – е хартија и боја (уште мермерна плоча и биро, кое јас го правам). Ако се биде во ред, можеме да почнеме да печатиме некаде за две недели.

Сето тоа чини 200 долари, така што парите од отец Гаврил многу ќе ни се најдат. А нам нема да ни биде тешко да му го вратиме долгот после Божик. Но, дотогаш ќе бидеме во критична ситуација. Јас сеуште сум малку зашеметен. Од денес па натаму, ние нема да имаме ништо друго, освен работата. За да успееме, мораме да станеме вистински браќа. Да ни помогне Господ!

Мајка ми прави божикна честитка со слика на новиот храм. Ако излезе успешна (образецот што ни го испрати, не е лош), можеме самите да му напечатиме руски поздрав!

Моли се за мене,

Твојот грешен брат во Христа,

Евгениј.