„Јас ве чекам вас во Самтавро“ – од чудата на старецот Гаврил Ургебадзе

Во Тбилискиот аеродром јас случајно се запознав со Елена Гецадзе, жената, која го привлече моето внимание со тоа, што пред слетувањето на авионот се осени себеси со крстниот знак и се поклони пред иконата на старецот Гаврил (Ургебадзе). Тоа беше во 2015 година. Не можејќи да издржам, јас отидов кај неа, и ѝ подарив икона и масло од светите мошти на старецот Гаврил, и започнавме да разговараме. «Колку сите го сакаат него», – и реков јас. Елена се насмевна и рече: «Како е можно да не го сакаш!», а потоа ја раскажа историјата, која направи кај мене неизбришлив впечаток и ја зацврсти верата во Господовата слава. Таа историја ќе ја споделам со вас, драги читатели.

Раскажува Елена Гецадзе:

Во февруари, 2010 година, мојот син ја изгуби свеста на училиште (тоа се случи во Тбилиси). Нормално, наставниците повикале брза помош, и детето брзо го однесоа во болница. Кога јас отидов таму и го видов својот син во тешка состојба, јас и самата ја изгубив свеста. Ме освестија, и јас, отворајќи ги очите, видов свештеник, облечен во црна облека, како им помага на сестрите. Одеднаш тој погледна на мене и ми рече: «Јас ве чекам вас во Самтавро». Тогаш јас, секако, не разбрав, кој е тој, и не обратив внимание на неговите зборови.

Помина одредено време, и мене ме запознаа со резултатите од анализата и компјутерската томографија на мојот син: кај него беше откриен малиген тумор со метастази во мозокот. Грузиските лекари се откажуваа да направат операција, и нè советуваа да продадеме сè и да отидеме во Германија или во Израел на лекување. Таквата одлука на лекарите мене ме фрли во ужас. Јас бев готова да продадам сè и да отидам во Германија, но одеднаш погледнав на една фотографија, која висеше во одделението за реанимација: на неа беше човекот кој им помагаше на медицинските сестри да ме освестат. Јас се заинтересирав, кој е тој, и ми кажаа, дека тоа е човек со посебни духовни дарови – старец, на чиј гроб се случуваат многу чудеса и исцеленија. Јас бев во шок! Дури и не бев во состојба да им кажам на докторите, дека него го видов во болницава, и се одлучив што поскоро да отидам во Мцхета.

Кога прашав, каде се наоѓа гробот на старецот, ми одговорија, дека тој се наоѓа во центарот на градот Мцхета, во манастирот Самтавро! Самтавро… имено тој збор он тогаш го кажа… И мене ми стана јасно: дека не треба да губам ни една минута, туку брзо  да одам кај гробот на старецот. Така и направив. Го одведов својот син на гробот и многу се изненадив од тоа што го видов: таму имаше толку многу луѓе, верници, кои паѓаа на колена пред гробот, вадејќи ги своите прстени,  крстови и ги оставаа на земја. Јас се помолив, молејќи го старецот, да ни момогне што побрзо да ја продадеме куќата и да отидеме во Германија на лекување.

gavriil-mogila
Гробот на преподобниот Гаврил. Сега неговите мошти се откриени и почиваат во кивот во манастирот Самтавро

Следниот ден на детето му стана многу лошо, падна во бессознание, и повторно го однесовме во болница, му ставија инфузија и му дадоа многу други лекарства. Јас настојував на тоа, на синот да му направат томографија за повторно да ни кажат колку брзо напреднала болеста. Докторите направија повторно испитување. Помина одредено време, резултатите доцнеа, јас многу се грижев, не наоѓајќи место за себеси, и наеднаш ме повикаа во кабинетот на главниот доктор и збунето ми соопштија: «Госпоѓо Елена, ние сакаме да ве израдуваме, но не знаеме како тоа да го објасниме: вашето дете е целосно здраво, во главата нема никаков тумор и метастази! Ние два пати направивме томографија, неколку пати ги проверивме анализите и не најдовме ништо, што го загрозува животот на вашиот син, иако во предходните анализи сè беше поинаку. Од медицинска гледна точка тоа е необјасниво!»

Јас воскликнав од радост, и повторно ја изгубив свеста. Изненадувачки е тоа, што јас и овој пат го видов тој «свештеник», нашиот старец Гаврил, кој се смееше и нè осенуваше со крсниот знак. Кога се освестив, јас почнав за тоа да им раскажувам на докторите и медицинските сестри, а тие, без здив ме слушаа и плачеа! Плачеа и благодареа на Бога за тоа, што се случи такво големо непредвидливо чудо!

Што се однесува до мене, јас после таа случка почнав да одам во црква, и не постои ден, кога ние не би му благодареле на старецот Гаврил или не би читале акатист на тој голем подвижник, кој им помага на сите кои страдаат и е наш молитвеник горе на небесата.

Константин Церцвадзе

Превел: Игор Ризановски

Извор: http://www.pravoslavie.ru