За воспитувањето на децата – Старец Порфириј Кавсокаливит

„Мајките треба со љубов да се молат за своите деца. Децата, како оние што се родиле, така и оние кои сеуште се наоѓаат во утробата, го чувствуваат недостатокот од мајчинската љубов, нервозноста на мајката, нејзиниот гнев, омраза и добиваат трауми, чии последици ќе ги чувствуваат целиот свој живот“.

„Мајките знаат да се грижат, да поучуваат, многу да зборуваат, но не знаат да се молат. Многу совети и препораки нанесуваат штета. На децата не им се потребни многу зборови. Зборовите удираат во ушите, а молитвата оди во срцето“.

„Кога гледаш, дека лукавиот го победува твојот син, наместо да се гневиш на него за неговото непослушание, помоли се на Бога. Научи се да зборуваш со Бога за своите деца, наместо да се караш со нив; кажи му ги на Бога сите маки за нив“.

„Светите чувства на мајката и нејзиниот свет живот го осветуваат младенецот од моментот на неговото зачнување. Сè, што кажав сега, треба добро да го помнат не само мајките, но и идните татковци исто така“.

„Станете свети, и ќе пораснете добри деца“.

„За родителите, не е доволно да бидат благочестиви. Треба уште и да не ги принудуваат децата, обидувајќи се преку притисок да ги направат добри. Може да ги оттурните своите деца од Христос, ако егоистично ги следите религиозните принципи“.

„Децата не сакаат притисок. Не ги принудувајте да одат во црква. Може да им речете вака: „Кој сака, може да дојде со мене сега или да дојде подоцна“. Дајте му можност на Бога да зборува со нивните души“.

„Не смееме да го принудуваме другиот човек. Ќе дојде неговиот час, ќе дојде тој момент, ние треба само да се молиме за него. Со молчание, трпение и пред сè со молитва, ние таинствено им принесуваме полза на другите луѓе“.

Старец Порфириј Кавсокаливит