За молитвата со болка – старец Пајсиј Светогорец

– Геронда, кога слушам за човечки маки, сè во мене се згрчува. Можеби, тоа е од маловерие?

– Види, вознемиреноста за себе – е маловерие, а грижата за другите – е сострадание. Вистинското сострадување за човечката болка е пропратено со молитва, а по него следува божествена утеха. Затоа, моли се колку што можеш, а потоа предај сè во рацете Божји и успокој се. Зарем Бог помалку се грижи за Своето создание од тебе? Зошто ти да се грижиш? Бог, на оној, кој духовно сострадува и страда за другите, му дава голема утеха, затоа што во спротивно човекот нема да издржи. Знаете, колку ми е тешко кога добивам толку многу писма од луѓе со многу проблеми? Тага и јад има во мојата уста, и потоа ништо не сакам ни да јадам.

Но, од таа болка излегува вистинска радост. Бог  наградува со утеха, сразмерно со страдањето; утешува со таква утеха, што не можеш да ја поднесеш. И иако претходно си страдал и плачел за другиот, сега се веселиш. Како благиот Бог да ти вели: „Не тагувај, дете Мое. Ја услишав твојата молба“.