Торжествата, посветени на празникот Успение, во Ерусалим започнуваат три дена пред самиот празник, на денот на упокојувањето на Пресвета Богородица, кога по предание, апостолите на чудесен начин се собрале од разни места, за да се простат со Неа, која лежела на смртна постела.
Крсниот вход го симболизира пренесувањето на пречистото тело на Мајката на Спасителот од апостолите, од Ерусалим во Гетсиманија – за погребение.
После Божествената литургија, на подворјето на Гетсиманскиот Успенски манастир, веднаш покрај храмот на Воскресението, игуменот на манастирот во придружба на свештенството, монасите и мирјаните, ја пренесуваат плаштаницата на Мајката Божја која се чува на подворјето, во манастирот и ја полагаат на гробницата на Пресвета Богородица.
Еден ден пред празникот, тука, после ноќната Литургија, се извршува чинот на Погребението со учество на Патријархот, на кое заедно со читањето на 17 катизма се пеат статии, подобни на оние на Велика сабота. На самиот празник, 28 август, кога по преданието, апостолите, заедно со подоцна пристигнатиот апостол Тома виделе дека гробот на Мајката Божја е празен, се служи торжествена Литургија, а после одданието на празникот, плаштаницата со крсен вход повторно се враќа во подворјето.
Така и денес, на 25 август, во пет часот утрината, процесијата од архиереи, свештеници, монаси и многубројни мирјани, се упати од плоштадот пред храмот на Воскресението, по Крсниот пат на Спасителот кон Елеонската гора. Со свеќи и гранки од босилок, бавно и торжествено луѓето ја придружуваа плаштаницата – дрвена во сребрен оков, икона на Мајката Божја, која на свилени ленти ја носеше на себе Гетсиманскиот игумен Нектариј.
Денот во Ерусалим беше необично облачен, создавајќи траурно-торжествено расположение и како да напоменуваше за тоа, како натажените апостоли на облаци прилетале од сите краишта на земјата, за да оддадат почит на Успението на Онаа Која Го родила Спасителот на светот и нивната заедничка Мајка. Кога крсната литија стигна до гробницата на Пресвета Богородица во Гетсиманија, сосема се разведри и се појавија првите сончеви зраци, соопштува сајтот на Руската Духовна Мисија.
Извор: pravoslavie.ru