Старец Пајсиј канонизиран за светител

Туку што дојде соопштението дека Светиот Синод на Цариградската Вселенска патријаршија донел решение за канонизација на старецот Пајсиј Светогорец.

Во официјалното соопштение се вели, дека денес Св. Синод на Вселенската Патријаршија еднодушно го примил предлогот од комисијата за канонизација за впишување во списокот на светиите (на грч. Агиологиј) на Православната црква на монахот Пајсиј Светогорец.
Старец Пајсиј е роден во 1924 г, во Фарас, Кападокија и починал на 12 јули 1994 г. Не е погребен на Света Гора, каде што го поминал поголемиот дел од неговиот живот, туку во основаниот од него женски манастир во Суроти, Халкидики. Старец Пајсиј е еден од најпознатите современи православни духовници, кој добил дар на духовно раководство (т.н. старчество), чудотворство и прозорливост. И до сега тој беше почитуван во целиот православен свет како светител, а во голем дел православни цркви има и негови икони и фрески.
Во 2013 година, Вселенската Патријаршија го канонизира и старец Порфириј Кавсокаливит.

Извор: http://dveri.bg/9dduw