Спасувањето на мојот шестгодишен син

Парохискиот свештеник од село Керасја во регионот на Неа Миханиона, недалеку од градот Солун, свештеникот Христос Цандалис, татко на девет деца, сведочи: “Моите деца се качија на рамниот покрив на нашата куќа. Таму беше откриен таванскиот излез на покривот каде децата започнаа да играат скокајќи преку тој отвор.. Еден од синовите, кој тогаш имаше 6 години, беше со недооформен/задоцнет развој на говорот, и не умееше сеуште да зборува, исто така играјќи сакаше да скокне преку отворот на чaрдакот, но не успеа  да го прерипа, туку се сопна од камен и падна удолу во отворот. Падна од четвриот спрат на првиот. Со срдечни скокови во градите, набрзина ја отворив долу вратата од чердачниот отвор подготвувајќи се да ја видам страшната слика-моето разбиено дете.
Каквa ли беше моето вчудоневиденост кога го видов својот син, пожолтен од страв, но цел и неповреден. Го зедов и го однесов во болница. Кога докорите го прегледаа, се уверија дека нема ни една изгребаница, ниту пак мала скршетина.Ние разбравме – се случило чудо. Јас помислив дека детето го спаси иконата на Пресвета Богородица, која се наоѓа во храмот во нашето село Неа Миханиона. Јас отидов кај иконата со синот, покажувајќи во иконата го прашав Таа те спаси? – А детето одговори – Не. Тој ме одведе до фотографијата на Старец Пајсиј, и почна со прст точно да покажува на старецот, давајќи ми да сфатам, дека го спасил самиот старец.

 

Oд посмртните чуда на старец Пајсиј 

Превод: Ирена Арсова