Слаткари во Ирска осудени, зашто одбиле да направат геј-торта

Сопственици на слаткарница во Северна Ирска беа осудени, зашто откажаа да направат торта со натпис, кој повикува на признавање на геј браковите. Основата на решението на судот: дискриминација на хомосексуалците. До моментот, само едно официјално лице протестирало јавно, изјавувајќи дека, всушност судот го дискриминира слаткарот, санкционирајќи ги неговите религиозни убедувања.

Решението на судот, кое беше донесено на седницата, ги раздвижи бриданските медиуми и нивната публика. Основата на судијата за тоа дело, е дека пекарата Ashers, како бизнис претпријатие не е исклучена од законот за дискриминација. Адвокатите на двете страни се договориле на сума од 500 фунти да биде исплатена на тужителот, за нанесена морална штета.

Адвокатот на семејството изјави, дека ако решението за дискриминација е правилно, муслиманинот нема да има право да откаже договор за печатење на флаери со Мухамед, атеистот нема право да откаже порачка на плакати, кои тврдат дека Бог го создал светот, а печатарот римокатолик не смее да откаже брошури, кои повикуваат за легализација на абортусот.

Случајот ги разбунтува духовите на Островот, зашто уште еднаш ја демонстрираше напрегнатоста меѓу законот за еднаквост и религиозната слобода. Всушност, она што ниту еден медиум не го коментираше, е дека законот јавно покажува случај на т.н. „обратна дискриминација“ – кога малцинската група го дискриминира поголемиот дел од општеството. Поконкретно, хомосексуалистот ги задолжува сите останати да мислат како него, во спротивно може да ги тужи. Секој кој ќе се откаже да ги прими геј браковите, ќе си плати – буквално. Тоа јавно го демонстрира скандалозното дело.

Очигледно, денес во општествената ерархија на Велика Британија, правата на хомосексуалните граѓани се поважни од религиозните убедувања на другите граѓани на земјата – тенденција, која христијаните од другите земји во Европа, изгледа допрва ќе ја набљудуваат со растечка тревога.

Извор: http://dveri.bg/9hawq