10 АВГУСТ, 2015 Г.
Сергеј Худиев – за лажната алтенратива и другите замки, кои ги поставуваат прекумерно ревносните „борци со гревот“.
Пред неколку дена, се појавија вести за тоа, дека во ерусалимската болница починала 16-годишната Шира Банки, смртно ранета од Ишаја Шлисел, ревнител, кој нападнал со нож на геј-парадата во тој град и ранил неколку луѓе. Шлисел изјавил, дека ја исполнувал волјата Божја.
Јудејската општина го осудила тој престап, но не сите коментатори во рускиот интернет се покажаа толку благоразумни, некои ја сметаа таа поступка на ревнителот, ако не пофална, во краен случај, оправдувачка: нема што да се прави Содом и Гомор во Светиот Град!
Најжално, во замките на ѓаволот – е тоа, што тие, како правило, воопшто не се многу лукави. Некогаш тие се многу јавно примитивни и глупави – но луѓето се заплеткуваат во нив.
Една од таквите глупави замки – е лажната алтернатива. За што сте, да се прави Содом во Ерусалим, или да се убие бедната 16-годишна девојка? (Кој од вас, кога имал 16 години бил расудителен и благочестив, нека крене рака).
За што сте вие, да загинете преку отфрлањето на заповедта „не прави прељуба“, или за тоа, да загинете преку нарушувањето на заповедта „не убивај“?
Тој избор е илузиорен. Што и да изберете, резултатот е ист.
При што – тоа е многу сериозен момент – одобрувањето на гревот (било да е блуд или убиство) е исто толку сериозно, колку самиот грев. Апостол Павле ги укорува јазичниците, кои „не само што [гревови] прават, но и ги одобруваат и оние кои тоа го прават“. (Рим. 1, 32) Човек може да направи грев под влијание на неподносливи околности, болни страсти, безумство – но за да се одобри гревот, треба да се отфрли заповедта како резултат на спокоен, осмислен, непринуден избор.
Другата замка – е замката на лажни сојузници. Може од разни мотиви да се застанува против гревот – меѓу нив, и од мотиви кои и самите по себе се гревовни. На пример, пијанството – е најпогубен грев и големо зло. Тоа не значи дека сите, кои се против пијанството заслужуваат поддршка. ИДИЛ и сличните движења, како што гледаме, моќно застануваат против пијанството и кон тој проблем имаат најрешителен пристап.
Убијци, кои се борат со пијанството со своите убиствени сфаќања – никако не се сојузници на оние, кои се борат со истото пијанство, напротив, за спасение на луѓето.
Таа проста свесност, некако им бега на оние, кои или викаат: „А! Значи тебе не ти се допаѓа пијанството! Сите вие, проклети џихадисти, само сакате глави да сечете!“ или „А! Сечењето глави не ти се допаѓа! Си се продал на светското владеачко лоби! На масоните, кои го уништуваат рускиот народ!“.
Од тоа што заради заповедите Божји и вистинското човечко добро, го отфрламе блудот и пијанството, воопшто не следува дека сме сојузници на оние, кои исто така го отфрлаат блудот и пијанството. Ал-Каеда, неонацистите и на нив сличните, исто така (барем, теоретски) го отфрлаат и едното и другото. И дури се спремни решително да се борат за моралната чистота во општеството. Но, тие нам – не ни се и не можат да ни бидат сојузници.
Истото се однесува не само на некои организациони движења, но и на разлиената озлобеност во воздухот, спремна да си најде мета во хомосексуалците, во сектантите, а ако не успеат – и во православните. Затоа што паднатите луѓе се склони да го мразат својот ближен – а кој ближен ќе се падне, тоа најчесто е случајно. Убиствата излегуваат „однатре, од срцето човечко“ (Мар. 7, 21), и потоа веќе си наоѓаат цели во надворешниот свет.
Можеби се чини, дека таа озлобеност и желба за насилство може да се насочи против некакви-си лоши и непријатни за нас, луѓе и појави – но тоа е опасна илузија. Не треба да се повикува сатаната за изгонување на сатаната. Луѓето, кои воскликнуваат, дека содомитите треба да се убиваат, во никој случај не ни се сојузници. „Зашто Синот Човечки не дојде да го погуби човекот, туку да го спаси“ (Лк. 9, 56).
Денешното упорно рекламирање на развратот, несомнено е и тешко безумство. Општините, кои се согласиле да го сметаат противприродниот блуд за нешто нормално и допустливо, навистина, мутирале во нешто, што и по најснисходливите мерки, веќе не може да се нарече Црква. Ако се прими принципот „кога не може, но многу се сака, тогаш може“, кога се однесува на хомосексуалците, тогаш не останува никаква основа било што да им се забрани на „традиционалните“ хетеросексуални блудници. Ако силната похот служи оправдување, за да се преразгледаат заповедите, тогаш е завршено со сите заповеди воопшто, затоа што не само хомосексуалците имаат силни похоти и желби.
Се разбира, Црквата, која е верна на словото Божјо, на Запад веќе се спротивстави на владеачката култура, и неизбежно, на државата. Но, за христијанството, сосема природно е да биде контракултурна појава. „Ние знаеме, дека сме од Бога и дека сиот свет во зло лежи“ (1 Јн. 5, 19). Но, таа контракултурност не се однесува само на блудот – туку, во истата мера и на насилството.
Живееме во свет, кого го изедуваат две страсти – блудот и насилството. И двете имаат ист корен – гледањето на ближните како на објекти, кои може да бидат употребени за задоволување на нашите желби, или отстранети, ако им сметаат на тие желби.
Светот се крши во вратите на Црквата со барање да го благослови неговиот блуд и насилство. Западните христијани повеќе ги притискаат со барањата да се благослови блудот (најпрвин, противприродниот), но таму, каде што го благословуваат, немаат причини да се бунат против никого. Нас – повеќе нè притискаат со барањето да се благослови насилството. Зашто, тоа е насилство против лоши луѓе, развратници, хероите и рацете ги чешаат (од желба) да се борат со Содом кој доаѓа.
Всушност, пак, тие две болни страсти си помагаат една на друга. Единствен (затоа ефективен) начин да се натераат луѓето да засакат нешто одвратно – е да го покажат на ѕидот на нешто уште поодвратно.
Како да се натераат обичните луѓе да ги симпатизираат геј-активистите во креми и перја? Тоа може да биде тешка задача – но не е толку тешка да се реши, како што изгледа. Спротивставете им ги опасните психопати со ножеви, кои веќе жеднеат, не да блудничат, туку да убиваат – и во таа сенка, кај геј-активистите веднаш ќе се најде маса достоинства. Ако ништо друго, барем никого не убиваат.
„Не сакајте го светот и сè што е во него: Ако некој го сака светот, во него нема љубов од Отецот“ (1 Јн. 2, 15) – вели апостолот. Ние не сме со оние кои повикуваат на блуд, и не сме со оние кои повикуваат на насилство. Ние воопшто не сме со овој свет и не сме со неговиот блуд и насилство.
Сергеј Худиев