Радоста наша е Христос – Старец Емилијан

Молитвата принесува радост, зашто таа е општење со Бога. Нема да собираме во себе тага од навредите на ближните, нема да се мешаме во туѓи работи. Ништо не смее да не одвлекува во нашиот живот. И нема да се плашиме. Нема да се вознемируваме. Нема да страдаме. Дури и кога со вас постапуваат неправедно, острастено, не се вознемирувајте, не роптајте. Вашата среќа, успех нема да пропаднат од тоа, затоа што ние тоа го чекаме не од луѓето, туку од Бога.

Старец Емилијан Симонопетриски (Вафидис)