Почина последниот свештеник на Кинеската автономна православна црква

Најстар клирик и единствен свештеник на Кинеската Православна Црква – кинез по националност, Михаил Ван Цјуаншен отслужи во свештенички чин повеќе од педесет години.

Свештеникот Михаил Ван Цјуаншен се родил околу 1925 година (точен датум не се знае).

Во 1958 година бил ракоположен во свештенички чин од епископот Шангајски Симеон (Ду) – прв архиереј-кинез, и подоцна, последен архиереј на Кинеската автономна православна црква.

После смртта на епископот Пекински Василиј (Шуан, † 1962), а потоа и на епископот Шангајски Симеон (Ду, †1965) Кинеската автономна православна црква се лишила од архипастирско раководство. Гонењата кои следеле во периодот на „културната револуција“, го направиле невозможен полноцениот црковен живот.

Мало ослободување на православието од страна на Кинеската власт започнало во 1980-те години.

Во ноември, 2007 година, во Москва се одржаа меморијални настани, посветени на 50 годишнината на Кинеската автономна православна црква. Светејшиот патријарх Московски и на цела Русија, Алексиј II, во веска со 50 годишнината од денот на дарувањето на автономија на Кинеската православна црква, го наградил јерејот Михаил Ван со медал на преподобен Сергеј Радонежски, I степен.

Во 2008 година, на празникот Педесетница, свештеникот Михаил Ван, со дозвола на властите, за првпат примил учество во богослужбата на генералниот конзулат на Русија.

Во август 2009 година, во Лабдарин (автономен реон Внатрешна Монголија), најстариот кинески свештеник отслужи осветување на храмот, изграден во 1990 г, во чест на свети Инокентиј Иркутски – еден од четирите храмови, кои во Народна Република Кина имаат официјален статус. Иконостасот, необходните црковни предмети и богослужбени одежди на храмот му ги подари Читинско- Забајкалската епархија, која ја носи главната грижа за таа парохија според одредбите на Светиот Синод.

aleksandr the oldest priest in China

Во мај, 2013 година, јерејот Михаил Ван му сослужуваше на Патријархот Кирил за време на првата посета на Претстојателот на Руската Црква во Кина. Божествената литургија тогаш се отслужи во Шангај, во соборниот храм во чест на иконата на Мајката Божја „Избавителка на грешниците“.

Свештенослужителот, во последните години живееше во Шангај, кој до 2010 година беше најстар клирик и единствен свештеник на Кинеската Православна Црква – кинез по националност.

Сега во Кина живеат околу 15 000 православни верници. Повеќето од нив живеат во Пекинг, Шангај, провинцијата Хејлунцзјан, автономните реони Синцзјан и Внатрешна Монголија. Во земјата службите ги одржуваат свештеници – клирици на Московската патријаршија. Тие служат во парохиите во Пекинг, Шангај и Хуанчжоу. Во Хонгконг служат и руски и кинески свештенослужители.

Упокој ја Господи душата на Твојот слуга, и споменот за него направи го вечен!

Вечная памят!

Извор: http://rublev.com/news/438