Леб и путер

Маж и жена проживеале заедно педесет години. Во денот на нивната педесетгодишнина, по обичај, жената испекла едно малечко лепче. Тоа го правела секое утро. За доручек, го пресекла лебчето на две, ги намачкала двете половинки со маргарин, и по обичај, тргнала да му ја даде на сопругот горната половина. Но, само што ја протегнала раката, запрела…

Помислила: „На денот на нашата педесетгодишнина би сакала сама да го изедам горниот дел од лебот. Мечтаев за тоа педесет години и ја заслужив таа поубава половина: бев примерна жена, одгледав прекрасни синови, постојано одржував идеален ред во домот“.
И му го дала на мажот долниот дел од лебот. Такво нешто, никогаш дотогаш не си дозволила себеси, сиот нивни педесетгодишен заеднички живот.
А мажот, го зел лепчето и кажал со насмевка:
Колку вреден подарок ми подари денес! Јас уште од дете ја сакам долната половина на лебот, која е покрцкава. Но, секогаш мислев, дека со право таа ти припаѓа тебе.