«Господ тивко тропна во моето срце»

«Моето прво патување во село Дивеево (Русија, во Свето-Троицко Саровскиот  манастир) од корен го измени мојот живот, од атеист – ме направи верник. Благодарение на светите молитви на преподобниот Серафим Саровски јас поверував во Бога.

Преподобниот Отец Серафим ја исцели мојата душа. Господ тивко тропна и во моето срце и го допре со Неговата благодат. Но, Бог  не ја исцелува само душата, туку ве обрнува кон Себе по молитвите на светиите.
Од 1998година, уште кога служев во армијата неколку години страдав од кожни габични инфекциони заболувања на нозете. На пролет и на лето чешањето заради инфекциите беше неподносливо, доаѓаше до степен на расчешување на нозете до крв. Ги испробав сите познати масла и креми за кожа, но бидејќи ништо не помогна со тек на време се смирив со болеста.
И помина повеќе од една година од моментот кога се избањав на празникот Богојавление на 19 јануари 2002година на изворот на преподобниот Серафим кога неочекувано добив исцелување. Од тогаш за чудо и кожното заболување се тргна и повеќе не се врати, а и други болести не сум добивал.

Тоа е само еден од особено значајните случаи на благодатната помош од Предподобниот Серафим во мојот живот. А колку ли само секојдневни проблеми се решија по неговите молитви! Само да помислиш со силна вера и чисто срце “Отец Серафим, помогни ми, помоли се за мене грешниот!”- и сите добри почетоци одат со неговата благодат.
“Преподобен Отче наш Серафиме, моли Бога за нас!”
Раб Божји Роман
Јануар 2003 година »

Превод од руски: Ирена Арсова

Извор: http://www.diveevo.nne.ru/saints/miracles