Долг е патот во Ерусалим

Празник на влегувањето Господово во Ерусалим.

YouTube Preview Image

Доста голем вход е тоа. Затоа што Спасителот Христос оди низ целата света земја. Започнува неговиот крсен вход. Тој оди со учениците, застанува на едно место, од каде што се гледа Ерусалим, и започнува да плаче над него. Го оплакува, оплакува и говори: „Колку сакав да ве соберам сите, како кокошката што ги собира своите пилиња, но вие не сакавте“. (Мт. 23, 37).

Плаче над сите тие луѓе.

basil-580x401

Господ влегува во Ерусалим.
Влегува во храмот, и што е првото што го гледа, и како постапува? Тој гледа колку ниско паднало сè што било духовно во храмот. До што се спуштиле луѓето, и наместо да бидат проповедници на Царството Божјо и спасението, станале земни трговци. Го искористиле храмот главно како средство за добивање на што е можно поголема земна придобивка.

И тогаш, Христос Спасителот за првпат се покажува како страшен судија. Онаков, Каков што ќе стане на крајот на вековите, кога веќе ќе дојде на Страшниот Суд, кога сите ние ќе бидеме разделени. Тој и сега започнува да биде таков судија и ги изгонува трговците од храмот.

И тогаш, кај него пристапуваат книжниците-фарисеите, првосвештениците, и велат: „Со каква власт Ти го правиш ова?“ А Тој им вели: „Ако знаевте со каква власт го вршам ова, вие немаше да го правите тоа, што го правите сега“. И тоа е моментот на целосното разминување меѓу Стариот и Новиот Завет. Меѓу стариот, на заминување свет, и новиот – кој доаѓа, и ја носи со себе светлината на Евангелието и новиот Евангелски, светол, благодатен закон, и новиот благодатен живот кој води кон спасение.

Ќе дојде време кога истите луѓе, кои пееле: „Осана во висините, благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово“, кога Христос зел младо осле и неговата мајка, и на ослето влегол торжествено, како цар во Ерусалим – Цар небесен, но сепак во Ерусалим, истиот тој народ, после шест дена, на Велики Петок ќе вика „Распни Го, распни!“

Но таму нема да има никого од оние кои радосно отрчаке и го сретнале Спасителот Христос во денот на влегувањето Господово во Ерусалим.

Деца нема да има на Велики Петок.,

Децата не учествуваат во распнувањето на Христос. Децата само радосно го поздравуваат Христос.

И тоа не е случано. Бидете како деца – им рекол Христос на сите – без тоа нема да влезете во Царството Небесно.

EngnGuwBd-w

Источник: http://www.pravmir.ru/dolgij-vxod-v-ierusalim-slovo-vladyki-vasiliya-rodzyanko-video/#ixzz3WR7luukn