Човекот кој презира друг народ, не е со Бога! Слово на Педесетница, на епископот Боголеп

Ако некој човек го смета некој народ за полош од својот, тогаш тој не е со Бога. За тоа, во очи на празникот на Света Троица, епископот Александриски и Светловодски Боголеп, ѝ напомнил на паствата.

„Ние со вас не сме само украинци, молдавци, татари, евреи, а пред сè, православни христијани – народ Божји, кој го слави единиот Бог!“ – кажано е во посланието на владиката, објавено на официјалниот сајт на Александриската епархија.

Бог создава големо единство на луѓе, ги надминува разделбите и расцепканоста, непријателството и омразата на едни кон други, забележа ерархот.

„Ако сметате дека некој народ е полош од вашиот, дека некоја боја на кожата не ви се допаѓа, ја презирате една или друга култура, – тогаш вие немате благодат, тогаш вие не сте со Бога“, – потцрта владиката Боголеп, обраќајќи се кон паствата.

По зборовите на архиерејот, Бог го прима секој човек, не гледајќи ни на бојата на кожата, ни на потеклото и богатството, ни на јазикот кој го зборува, ни на грешното минато: „Само човекот да се измени, преобрази и облагодати со Животворниот Дух“.

Духовенството и мирјаните, надлежниот Александриски архиереј, ги повика да се молат „Светиот Дух да слезе кај нас“. „Само благодарение на Неговото учество во нашиот живот, ќе можеме да ги решиме сите наши лични, семејни и општествени проблеми“ – рече епископот Боголеп.

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/79638.htm