Архиерејска Литургија во храмот „Св. Константин и Елена“ Битола

На 19.07.2015 год, во 7-та Недела по Педесетница, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на „Св. Константин и Елена“ во Битола.

„Ние силните должни сме да ги поднесуваме немоштите на слабите, и да не угодуваме на себеси:
секој од вас должен е на својот ближен да му угодува во доброто за поука.
Оти и Христос не угоди на Себеси, па како што е напишано: „Хулењата на оние, што Те хулеа, паѓаа врз Мене”.
А сe, што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.
А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие помеѓу себе, според примерот на Христа Исуса,
та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за славата Божја“. (Рим. 15, 1-7)