3 Декември – Меѓународен ден на лицата со инвалидитет

„Ако не можеш да добиеш чудо, стани чудо“

– Ник Вујичич

На Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, ги посветуваме овие мисли од Ник Вујичиќ, на сите оние кои се борат да живеат потполен, среќен живот.

„Ако паднам, пробувам уште еднаш, и уште еднаш, и уште еднаш. Ако ТИ паднеш, ќе пробаш уште еднаш? Човечкиот дух може да поднесе многу повеќе, отколку што можеме да си замислиме. Прашањето е КАКО ќе постапиш ти. Дали ќе бидеш силен?“

„Не можеме, и не треба, да ги споредуваме страдањата. Ние сме како едно семејство на Бога, рака за рака. И заедно доаѓаме и стоиме во ветувањата Божји, знаејќи дека без разлика кои сме, без разлика низ што поминуваме, Господ тоа го знае, Тој е со нас, и ќе ни помогне да се извлечиме“.

„Божјата љубов е толку реална, што Тој те создал за да го докаже тоа“.

„Не ставај го животот на чекање, за да можеш да тониш во неправедноста на повредите од минатото“.

„Некои повреди зацелуваат побрзо, ако се движиш повеќе“.

„… За секоја онеспособеност што ја имаш, имаш повеќе од доволно способности да ги надминеш предизвиците“.

„Не можеш ни да стоиш, без ризикот да паднеш“

„… да продолжиш да се искачуваш…, мораш да ја напуштиш сигурната скала и да посегнеш по нова. Напуштајќи ја сигурноста на таков начин… е предизвик. … замислете како да се искачувате на скала. За да се искачите на следното ниво, морате да ја отпуштите едната потпора и да посегнете по следната“.

Ник Вујичич

И така, браќа мои возљубени, бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господа нема да биде залуден. (1 Кор. 15, 58)