02 mart

Девственоста има големо значење пред Бога. Светата Дева надприродно се удостоила да биде Мајка на Пресуштествениот Син Божји, и засекогаш останувајќи Дева, се нарекува Пресвета. Впрочем, не секое девство е добро и пофално, како што Самиот Господ објавил во Евангелието за десетте девојки: „Од нив, пет биле мудри и пет неразумни“ (Мт. 25, 2), т. е., деве неразумни, кои го чувале само надворешното девство, а внатрешно се осквернувале со нечисти помисли, и исто така биле победени и од други страсти – среброљубие и суета, завист и омраза, гнев и злопамтење, и општо невоздржание… За што господ и ги прекорува таквите во Евангелието: „вистина ви велам, дека митарите и блудниците“, кои се каат, „пред вас одат во Царството Божјо“ (Мт. 21, 31); а оние кои се замислиле дека се „синови на царството ќе бидат фрлени во крајна темнина“ (Мт. 8, 12).
Преп. Амвросиј