13 октомври 2014

Љубовта кон Бога се докажува со љубов и милосрдие кон ближниот, а милосрдноста, милоста и снисходењето кон ближниот, како и простувањето на неговите недостатоци се задобиваат преку смирение и самоукорување, кога во сите скорбни и непријатни настани вината ќе ја префрламе на себеси, а не на другите. Дека ние не сме знаеле да постапиме како што треба, затоа се случила непријатноста и маката. И ако расудуваме така, помалку ќе се огорчуваме и ќе се предаваме на гневот, кој не е соработник на правдата Божја.

Преп. Амвросиј