Соопштение: Предавање од Митрополитот Петар за животот на новојавениот светител Кипријан Слепчански

Браќа и сестри,

со радост ве информираме дека овој петок, 24 март во училиштето за веронаука ќе ни гостува Митрополитот г. Петар со пригодно предавање на тема: ,,Божјата љубов“. 

Владиката, исто така ќе се осврне и на животот на новојавениот светител Кипријан Слепчански.

Почнуваме по акатистот, околу 19 и 15 часот.

После предавањето, за присутните предвиден е мал банкет.

Известува: Протоѓакон Драган Ѓоргиевски