Во Втората недела по Педесетница, во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола, беше отслужена Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
Овој ден беше особено свечен, бидејќи Митрополитот г. Петар одбележа значаен јубилеј – 45 години од својата архиерејска хиротонија, благодарејќи Му на Бога за долгогодишната архипастирска служба.
На Светата Литургија сослужуваа Високопреосвештениот Митрополит Австралиско-новозеландски г. Никола, Преосвештениот Епископ Хераклејски г. Климент, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, Влатко Ристески, Сотир Гочевски, Кирил Трајковски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Крсте Атанасов.
Верниот народ молитвено учествуваше во евхаристиското собрание, вознесувајќи благодарност кон Господа и упатувајќи искрени молитви за здравје, крепост и долг живот на Митрополитот г. Петар.
На многаја и благаја лета, Владико свети!












