Света Лидија Македонка – Света Божествена Литургија во Свети Николе

На 09. 04. 2022 година, кога светата православна Црква го чествува споменот на Света Лидија Македонска и споменот на Светите Пречистантски преподобномаченици, Митрополитот Преспанско-пелагониски  г. Петар, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Повардарски г. Агатангел и свештенослужители од Брегалничката, Преспанско-пелагониската и Повардарската Епархија, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Лидија Македонска“ во Свети Николе.