Велика Среда

Мноштвото на моите гревови, и бездната на Твоите патишта кој ќе ја истражи? Спасителу на душата моја, не презирај ја слугинката Твоја, Ти Кој имаш безмерна милост.

На Велика Среда, за последен пат се служи Литургијата на Претходно-осветените дарови, и за последен пат се чита молитвата на преподобниот Ефрем Сирин, со поклони. Поклоните престануваат да се прават сè до празникот Педесетница(Духовден), а ќе се прават само пред Плаштаницата).

На Велика Среда се пее посебна стихира: „Господи, жената која падна во многу гревови“. Автор на оваа прекрасна стихира – е преподобната монахиња Касијана – светителка од IX век, единствентата жена-химнограф.

Господи, яже во многия грехи впадшая жена – хор на Валаамскиот манастир

Господи, яже во многия грехи впадшая жена, Твое ощутившая Божество, мироносицы вземши чин, рыдающи миро Тебе прежде погребения приносит: увы мне глаголющи! яко нощь мне есть разжжение блуда невоздержанна, мрачное же и безлунное рачение греха. Приими моя источники слез, иже облаками производяй моря воду. Приклонися к моим воздыханием сердечным, приклонивый небеса неизреченным Твоим истощанием: да облобыжу пречистеи Твои нозе, и отру сия паки главы моея власы, ихже в раи Ева, по полудни, шумом уши огласивши, страхом скрыся. Грехов моих множества, и судеб Твоих бездны кто изследит? Душеспасче Спасе мой, да мя Твою рабу не презриши, иже безмерную имеяй милость.

Превод:
Господи, жената која падна во многу гревови, откако го почувствува Твоето Божество, ги прими чинот на мироносиците, ридајќи, ти принесува миро пред погребението: Тешко мене, што зборувам! Зашто ноќта за мене е невоздржан блуд, мрачна и безизлезна ноќ на гревот. Приклони се кон моите срдечни воздишки, Ти кој си ги приклонил небесата соТвоето неискажливо осиромашување, да ги целивам пречистите Твои нозе, и да ги избришам со косата од мојата глава, оние чии стапки Ева на пладне ги слушна, и од страв се скри. Мноштвото на моите гревови, и бездната на Твоите патишта кој ќе ја истражи? Спасителу на душата моја, не презирај ја слугинката Твоја, Ти Кој имаш безмерна милост.

 

Во овој ден, за последен пат се пее «Се, Жених грядет в полунощи» и екзапостиларот «Чертог Твой вижду, Спасе мой, украшенный».

Се Жених грядет в полунощи – хор на Валаамскиот манастир

Се Жених грядет в полунощи, и блажен раб, егоже обрящет бдяща: недостоин же паки, егоже обрящет унывающа. блюди убо душе моя, не сном отяготися, да не смерти предана будеши, и Царствия вне затворишися, но воспряни зовущи: Свят, Свят, Свят еси Боже, Богородицею помилуй нас.

Превод: Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ, и блажен е оној слуга, кого ќе го најде буден: недостоен пек е оној, кој ќе го најде во очај. Затоа пази душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си Боже, по молитвите на Богородица помилуј нè.

Екзапостилар: «Чертог Твой вижду, Спасе мой, украшенный» – хор на Валаамскиот манастир

Чертог Твой вижду, Спасе мой, украшенный, и одежды не имам, да вниду вонь: просвети одеяние души моея, Светодавче, и спаси мя.

Превод: Твојата свадбена одаја ја гледам, Спасителу мој, украсена, и облека немам, да влезам во неа: просветли ја облеката на душата моја, Светодавче, и спаси ме.

Проповед:

 

Петар се одрекол од Христос; Јуда Го предал. И двајцата можеа да ја разделат истата судбина: или двајцата да се спасат, или двајцата да загинат. Но, Петар чудесно ја зачувал увереноста, дека Господ, Кој ги знае нашите срца, знае, дека без оглед на тоа што се одрекол, на малодушноста, стравот, клетвата, тој ја сочувал љубовта кон Него – љубов, која сега ја расцепувала неговата душа од болка и срам, но сепак љубов.

Јуда го предал Христос, и кога го видел резултатот од своите дела, изгубил секаква надеж; нему му изгледало дека Бог не може да му прости, дека Христос ќе се откаже од него онака, како што самиот се откажа од својот Спасител; и си заминал…

 

Денес наутро, читавме за тоа како блудницата му се приближи на Христос: не покаена, не изменета во животот, туку само поразена од прекрасната, Божествена убавина на Спасителот; видовме како таа падне пред Неговите нозе, како плачеше за себе, изнакажана од гревот, и над Него, толку прекрасен во свет, толку страшен. Таа не се каела, не барала прошка, ништо не ветувала, – но Христос, за тоа, што таа имала големо сетило за светоста, што имала толкава способност да љуби, да љуби до солзи, да љуби до парање на срцето, ѝ објавил дека ѝ се простуваат гревовите, затоа што таа Го возљубила многу…

Повторно ќе речам: ние нема да успееме да се покаеме, нема да успееме да го промениме својот живот, дотогаш, додека не се сретнеме вечерва и утре, во дните кои што идат, со Страдањата Господови. Но, да се приближиме до Христос, како блудницата: со сиот наш грев, и со тоа да се оѕвиеме со сета наша душа, со сета сила, со сета немоќ, на светињата Господова, да поверуваме во Неговото сострадание, во Неговата љубов, да поверуваме во Неговата вера во нас, и да почнеме да се надеваме со таква надеж, која од ништо не може да биде скршена, затоа што верен е Бог и Неговото ветување ни е јасно: Тој не дојде да му суди на светот, туку да го спаси… Да дојдеме кај Него, како грешници, во спасение, и Он ќе нè помилува и ќе не спаси.

Митрополит Антониј Сурожскиј

Извор: http://www.pravmir.ru