Седма недела по Пасха – Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Петка“, во Прилеп

На 09.06.2019 г., во Седмата недела по Воскресението Христово, посветена на Светите Отци на Првиот Вселенски Собор, кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски, Светите маченици Теодора и ДидимСвети Давид Гареџиски и споменот на Свети Јован Руски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Петко Кесакоски и Љупче Петрески, свештеникот Јове Тренчевски и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Петка“, во Прилеп.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог и Исуса Христа, Кој е испратен од Тебе“ (сп. Јован 17, 3).

Возљубени браќа и сестри, овие зборови од Светото писмо, што ги слушаме денеска од Светото Божествено Евангелие, говорат токму за суштината на нашата Света Православна Вера, односно говорат за тоа што е всушност вечниот живот. Вечниот живот, е познавањето на Бога и испраќањето од Него, од Отецот, на Синот Божји, Спасителот наш Господ Исус Христос…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»