(Филм) Излечи го стравот – Свети Лука (Воено-Јасенецки)

Во филмот „Излечи го стравот“, се прикажува драматичната судбина на големиот хирург и свештенослужител Валентин Филексович Воено-Јасенецки (Свети Лука Кримски).

Младиот доктор Валентин Филексович Воено-Јасенецки, заедно со својата сопруга и четирите деца, доаѓа во Ташкент, кој е зафатен од граѓанска војна. Валентин Филексович, почнува да работи како главен доктор во градската болница, но исто така, се грижи и за животот на неговата сакана сопруга, која подоцна умира од туберкулоза. Во тоа тешко време, прима монашки постриг со името Лука и станува свештеник, не напуштајќи ја својата професија. Од тогаш, па сè до крајот на неговиот живот, никогаш нема да се откаже ниту од Крстот, ниту од скалпелот. Свети Лука постојано го следат многу искушенија, страдања и потешкотии, но тој достоинство и трпеливо ги поднесува, носејќи го својот Крст.

(преводот можете да го вклучите на CC во долниот десен агол)