Големо осветување на храмот „Света Троица“ во Крушево

На 23.02.2019 г., кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Харалампиј и Преподобен Прохор Лободник, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петарво сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите  Дејан Секулоски, Тони Смуткоски, Веле Спиркоски, свештениците Јане Петрески, Милан Нически, Павле Лаповски, Дејан Соколески, Николче Неделковски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, изврши Големо осветување на храмот посветен на „Света Троица“, во Крушево. После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Господи го возљубив благолепието на Твојот Дом“ (Псал. 25, 8).

Браќа и сестри, денес извршивме голем и спасоносен чин, односно ја осветивме оваа Црква посветена на Света Троица, која била изградена некаде во 1881 година, а според некои 1985 година, од благочестивите крушевчани, во времето на источната криза, односно во времето на преродбата на нашиот православен македонски народ и другите народи што тогаш живееле …

(Аудио) «Аудио проповед на осветување на храм на Митрополитот г. Петар»