За тагите, болестите и нивното трпение

Времената наслада е мамка на јадицата на гревот, фрлена од сатаната. Привременото страдање е горчливо, но истовремено е полезно, ако го истрпиме, бидејќи ќе ни биде за спасение. Ние според гревовите сме достојни за многу полошо. Господ ни испраќа страдања за наше спасение, и затоа треба да го примаме со радост и смирение.  Свети Јован Кронштатски говорел: „Спорeд Својата Милост Господ ми испрати болести“. Мачењето, па дури и смртта не се зло. Гревот е незнаење за Бога и небрежност, односно зло кое ја погубува душата.

Клевета, казна (дури и кога си невин), навреда, прогон, незадоволство, болест, глад, студ, затвор, тешка работа – сè трпи со благодарност. Настојувајте сè да трпите заради Бога, заради оставање на гревовите и идното блаженство, со радост и благодарност.

И на искушението треба да се радуваме – и да го победуваме со трпение и молитва кон Бога за помош, да му благодариме на Бога за тоа искушение, и во него да ја видиме Божјата промисла.

Своите таги и болести треба да ги сокриваме, односно да бидеме весели пред луѓето; што им е важно на луѓето за нашите таги.

Кој ќе ја претрпи досадата, без труд ќе се спаси. Спасителот, на Светата Великомаченица Варвара, кога страдала и дал ветување: „Издржи до крај, за да се насладуваш со вечните блага во Моето царство“.

Христос – нашиот Цар – е страдалец; Он – е Цар на мачениците, бедните и гонетите. И нашата Царица – Богородица – е страдалница.

„Во трпението стекни храброст“, – говори Свети Ефрем Сирин.

Ако не трпиш – ќе бидеш жртва на бесовите.

Треба да трпиме сè без исклучок, и да го прифаќаме тоа, како од рака Божја. Сè трпи храбро и надминувај се себеси. Заради Бога носи крст и маки.

Нашиот Крст е тежок, но, кога ќе го преобразиме во Крст Христов – ќе стане лесен. Самиот Господ говори за тоа: „зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Мат. 11, 30). Ова ќе го постигнеме, ако се каеме и ако му благодариме на Христа; од благодарноста – доаѓа радоста. Не жали се поради тежината на твојот крст, туку постојано повторувај: слава на Бога!

Надевај се на помошта Божја. Надежта… не посрамува (Рим. 5, 5).

Боледуваш – очекувај со надеж утеха од Бога; кога се радуваш – очекувај од Бога тага која ќе те смири. И така и ќе биде.

Ако си обесхрабрен поради лошото здравје – тогаш како ќе се „утешиш“ со огорченост. Тоа не е добро.

Моли се: „Господи, Кој ги знаеш тагите на сите, спаси не нас грешните. Помогни ни на нас грешните, да можеме да ги издржиме тагите кои ни ги испраќаш“.

Ако против својата волја трпиш болест, студ, досада, срам и потсмев – спомни си на Царот, бидејќи без Негово знаење ништо не се случува. Сè што Он допуштa – е важно и спасителни за нас. Ние често се молиме: „Да биде волјата Твоја“. Ете, отфрлија ја својата волја, и потчини се на волјата Божја.

Архимандрит Серафим (Розенберг)

Извор: http://pravoslavie.ru