Поука од длабочините

Целото Писмо, говори Светиот апостол Павле, е „полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата“ (2. Тим. 3, 16). Под Писмо овде се подразбираат Старозаветните Книги, кои изобилуваат со мудрост и знаење. За наше надградување, ние денес ќе се обратиме кон една епизода од Стариот Завет, каде ќе ја илустрираме таа морална правда, дека гревот „ветува злато, а дава благо“, односно дека гревот ветува неземна среќа, а како резултат дава само страм. „Гревот, извршен, раѓа смрт“ (Јак. 1, 15). Апостол Павле пишува: „додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата. А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нивниот крај е смртта“ (Рим. 6, 20-21).

За да ја поткрепиме овој раскош со примери, ќе ја отвориме 13-та глава од Втората книга Царства. Таа раскажува за децата на пророк Давид. Тие имаа еден татко и различни мајки (ова се полодовите на полигамијата). Синот на Давид од Ахиноам – Амон, се вљубил во Давидовата ќерка Тамар, од неговата друга жена – Махи.

Потоа се случи ова: Давидовиот син Авесалом имаше сестра убавица, по има Тамар, и Амнон, Давидовиот син, се вљуби во неа. И Амнон толку се мачеше, што се разболе по сестра си Тамар зашто таа беше мома, и Амнон гледаше дека ќе му биде неугодно да ѝ направи нешто. (2. Цар. 13, 1-2).

Да се пронајдеме себеси, загледувајќи се во напишаново. Постои желба и страст, која кога ќе зачне, раѓа грев. Животот не е сладок, но нема каде да се избега, бидејќи огнот е внатре. Затоа состојбата се нарекува „страст“.

Но тука е братучедот на Амнон, кој треба да ја исполни ѓаволската служба. Та е „ Јонадав, син на Сама, брат на Давида“. Тој го советува Амнон, како да ја принуди Тамар да легне со него. „Легни на леглото свое и направи се болен; и кога ќе дојде татко ти да те види, кажи му: Нека дојде сестра ми Тамар и да ми даде да јадам, и да зготви пред очите мои јадење, така што да видам и да јадам од рацете нејзини“. (Исто. 13, 5.)

Така и се случи. Не знам, од тука ли Шарл Перо ја зел приказната за волкот, кој се преправа како баба, за да ја проголта нејзината внука. Тамар ги зеде питките, што ги беше приготвила, и му ги однесе на брата си Амнон во внатрешната соба. А кога таа му стави да јаде, тој ја фати и ѝ рече: „Дојди легни со мене, сестро” (Исто. 1, 10-11).

Имало борба, имало и отпор, а биле изговорени и многу зборови со цел да го вразумат Амон. Вие ќе го прочитате сето ова, кога ќе ја отворите Библијата на посочените страници. А потоа „не сакаше да ги слуша зборовите нејзини; ја надви и ја силуваше, и лежеше со неа“.

Но тоа не е сè. Ова не е ништо во споредба со она, што следува потоа. А „потоа Амнон ја намрази многу, така што омразата негова спрема неа беше посилна од љубовта, што ја имаше тој кон неа; и Амнон ѝ рече: „Стани, оди си!”

Дознавте! Секако дознавте. Самите себе се препознаваме, браќа и сестри, во овие кратки зборови, бидејќи самиот човек се срами себеси, кога ќе го добие своето во областа на гревот. Тогаш човекот се чувствува одвратно. Одвратно и срамно. Тогаш тој се мрази и себеси, и оној, кој се согласил да направи грев со него. Понекогаш дури и убиства се извршуваат на оваа почва – од неподносливиот презир кон оној, во кој неодамна толку страсно се вљубил човекот. Тоа – е вистината за човекот. Тоа е скапата и мрачна вистина за нашето гревовно битие. Наставници и учители, прочитајте ги овие редови, на сите момичња и девојки. Кажете им, а тие ќе ве разберат. Не мажат, а да не разберат, бидејќи тоа е нашиот општ портрет.

Понатаму – солзи.

А Тамар му рече: „Не, брате, да ме избркаш е поголемо зло од првото што ми го направи”.  Но тој не сакаше да ја слуша. И го повика младичот, што му слугуваше, па му рече: „Истерај ја оваа надвор и заклучи на вратата по неа”.

Ова постојано се случува. „Јас те сакам тебе“, – и говори тој нејзе. А потоа: „Стани, оди си!” Всушност, тежината се зголемува, бидејќи порано само мажите ги повредувале жените. А денес и жените на ист начин им се одмаздуваат на мажите, а ако тоа е така, тогаш наскоро ќе дојде крајот на сè.

„Тамар си ја посипа главата своја со пепел, ја раскина својата шарена облека, со која беше облечена, ги стави рацете свои на главата своја, и така одеше и викаше“.

Понатаму следи историја на одмазда и долги братоубиства. Така се разнишало царството на Давида. Така гревот на децата го поколебал тој, кој го создал молитвениот дух на неговиот татко.

Да се поучиме од овој пример, бидејќи: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело“ (2. Тим, 3, 16-17).

Протоереј Андреј Ткачев

Извор: http://www.pravoslavie.ru/