Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Лесно е да се говори за добродетелите. Душата тогаш се исполнува со радосни зборови кои откликнуваат во срцето, и даваат чувство на причасност. Но само што ќе затреба своите зборови да ги посведочиме со дела во својот живот, наеднаш слатките зборови се претвораат во горчина, и ни станува неподносливо тешко. На многумина од нас, драги браќа и сестри, тоа им е многу познато од личниот опит. Особено тешка е самата главна добродетел – смирението.
Ние бараме од Бога смиреномудрие секојдневно, во текот на Великиот пост, со зборовите од молитвата на преподобниот Ефрем Сирин. Преподобниот Андреј Критски преку смирението се исполнувал со покаен плач, кој и ние би сакале да го присвоиме. Мерата на духовниот раст, кон кој ние се стремиме, – e смирението.
Против оваа добродетел се креваат сите сили на адот. Без смирението, залудни се сите добродетели. Нашиот пост, молитва, поклони, читања – ништо од ова не може да не приближи кон Бога, ако во нас нема смирение.
Ѓаволот ги поттикнува луѓето да го клеветат смирението. Луѓето кои се далеку од христијанскиот опит на животот, имаат неправилна претстава за него. Тие сметаат, дека смирението – е слабост, дека смирениот човек се чувствува себеси навреден, како некој вид на болен натрапник. Но тоа не е така. Смирението не е депресија и тага. Смирението – е пребивање во Вистината, во Правдата. Тоа е живеење во вистина, а не во лага, која околу нас ја создава современиот живот. Вистинското смирение не може да му биде пречка на ништо добро, туку тоа е верна заштита од сè лошо.
Знам едно прекрасно дете, од кое треба да се учиме на смирение. Неговите родители пријатно се изненадени од него, бидејќи тој го неутрализира секое нивно незадоволство, и сè уште не им дава можност да му се налутат. Дури и ако се случи ова малечко дете да е немирно, и родителите поради тоа да го искараат, тоа веднаш со детска насмевка се фрла во мајчината или татковата прегратка и говори: „Мамо, тато, јас постојано лошо се однесувам. Простете ми!“ И тоа целосно ги разоружува. Тоа дете не умее да се лути и да се крие од родителската љубов. Од рана возраст тоа е пример за неверојатна детска смиреност.
Смирениот човек лесно ги препознава своите грешки, и се стреми да ги исправи. И нему секогаш можеме да му помогнеме.
Зошто ние не се менуваме од една исповед до друга? Затоа што во нас има многу егоизам, и нема смирение. Еден човек го раскажуваше за преподобен Пајсиј Светогорец следново: „Било кои гревови да ги исповедавме пред него, тој секогаш ја примаше нашата исповед со смирение и човекољубие и говореше: Ете и ти си човек. Ништо ќе се исправиш. И никого не навредуваше. Само во еден случај се огорчуваше – кога човекот го покажувал својот егоизам, и гордо спорел. Тогаш преподобен Пајсиј говорел: Сега, дете мое, јас не можам да ти помогнам“.
Гревот – е својство на човекот, а егоизмот – својство на ѓаволот. Смирението – е недостижна добродетел, како сончевиот зрак. Ако јас сметам, дека тој, кој е близу до мене – е подобар од мене, тоа е знак на смирение. И ако некој рече: „Помеѓу нас тука има свет и смирен човек“, – и при тоа никој да не помисли, дека тие зборови се однесуваат на него, тоа е добар знак. Но, исто така, многу е лесно да го изгубиме овој спасителен баланс. За смирението можеме да говориме и со хумор, но точно, според зборовите на познатата бајка, малку парафразирајќи ја: „Смирението – е како некој чуден предмет. Мислиш дека е тука, а всушност не е“.
Само што ќе помислиме за себеси, дека сме смирени, веднаш доаѓа суетата и ни краде сè. На пример, јас постам строго, и веднаш помислата ни говори: „Ти си најдобар! Не си како останатите. Јас сум подобар од другите.“ И тука нема смирение, а значи дека немаме полза и од постот.
Смирението ни помага да учиме. Смирениот не говори: „Јас и така сè знам, туку тој им поставува прашања на колегите, браќата, дури и на детето. Тој е способен да учи од тие, кои се малку помлади од него, и напротив, ако на пример е на висока функција, прифаќа совет од тие кои му се потчинети.
Драги браќа и сестри, не треба да се огорчуваме, од фактот дека смирението тешко се стекнува. На оние кои го бараат Царството Божјо, Господ нема вечно да им допушти вечно да се обвиткуваме во погубната гордост. Бесконечната Премудрост Божја, ќе најде начин да не смири.
Главно е да запомниме декa: „Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат, зашто сака дух смирен и покаен“. Смирувајќи се, ние ќе страдаме. Но кога ќе се смириме, ќе го видиме Бога, и ќе се успокоиме.
Сите ние се стремиме да растеме. А мерата на нашиот духовен раст – е смирението. Затоа да се научиме да живееме во Вистина и Правда, и свесно да повикаме кон Божјото Милосрдие: „Дух на смиреномудрие – подај ми мене, на твојот слуга“. Амин!
Архиепископ Пeтерговски Амвросиј
Извор: http://spbda.ru