Четиринаесетта недела по Педесетница – Архиерејска Литургија и призив на Светиот Дух во МПБ „Свети Климент Охридски“

На 02.09.2018 г., во Четиринаесетта недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот пророк СамуилСветиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, отслужи Света Божествена Литургија, во параклисот во Богословијата посветен на „Свети Климент Охридски“, во Драчево.

На Литургијата присуствуваше и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

 После Божествената Литургија, беше отслужен призив на Светиот Дух, за почеток на новата учебна година.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Ваше Блаженство, Ваше Високопреосвештенство, високопречесни и пречесни отци, драги ученици.

Го слушнавме, Светото Литургиски Евангелие, во оваа Четиринаесетта недела по Педесетница, во кое се говори за Царството Небесно, и за тоа, како домаќинот поканува гости за својот син.

Параболите, кои Господ Исус Христос ги кажал и кои се запишани во Светото Евангелие, имаат свое преносно или алегориско значење, па така ќе се обидеме да го објасниме преносното или арелогиско значење на оваа парабола.

Домаќинот за кој говори денешното Свето Евангелие, е Отецот Небесен, а Синот е Спасителот наш Господ Исус Христос.

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»