Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?

Велики Петок. Распнување. Фреска во церквата Св. Никола во Прилеп, Македонија. XII-XIII в.

Девет пати одел Мојсеј кај гордиот египетски фараон, просејќи го да го ослободи од ропство еврејскиот народ. Фараонот, уште неколку пати му ветувал на Мојсеј дека ќе го ослободи народот, ако Господ ја отстрани казната од него, но штом казната ќе била отстранета, фараонот не го исполнувал своето ветување. И му ја испратил Господ на фараонот деветтата казна, која сама по себе, не само што била пострашна од претходните, туку била и последна мерка на Божјата справедливост. И го сокрил Господ сонцето, и три дена Египет бил во темнина. Потоа, следувала смртта на првородените, која започнала со смртта на фаранаовиот син, а завршила со смртта на синот на слугинката. Завршила милоста кон фараонот, Бог се допрел до него со раката на правдата. Ако гордиот фараон се обрател кон Мојсеја, тогаш Мојсеј би се помолил на Бога, и страшната казна тогаш би била избегната. Но сè се случило поинаку, тука  се пројавила не милоста, туку справедливоста Божја.

И повторно била пројавена таа Божја справедливост на гората Голгота. Таму Синот Божји, распнат виси, повеќе од три часа. Во првите три Христови зборови на Крстот, Он и простува  на земјата, и на нејзините жители, но правдата Божја сеуште не е извршена. Сонцето се сокрива, и на пладне настапува ноќ. Христос во целосна оставеност трпи маки. Под Крстот, страда неговата Пречиста Мајка и ученикот Јован. Фарисеите се радуваат, затоа што го извршија своето крваво дело, војниците ја делат меѓу себе Неговата облека, одлево и оддесно на крстови висат разбојници, од кој едниот хули на Бога. Учениците се разбегани. Но тоа не е ништо. Ноќта која настапува на пладне, сведочи дека Спасителот е оставен, и од Небото и од Бога Отецот. Во неискажлива мака, Христос се обраќа кон Него, и усните кои за неколку минути ќе замолчат, извикуваат: „Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?” (Марко 15, 34).

Колку голема тајна се крие во тие зборови на Спасителот Кој умира. Исус, кој е образ на трпение, се жали на Отецот Небесен. Од моментот на доаѓањето на земјата и примањето на човечката природа, Христос започнува да трпи, бидејќи во исто време започнува и патот кон Крстот и Голгота. Никој никогаш не слушнал, дека Христос се жали за својот живот. Од каде е таквата промена? Он не се пожали од Јуда, кој го предаде со целив, не се пожали од Патар, кој се одрече од Него поради страв, молчи, кога Го бичуваат, кога Го венчаваат со трнов венец, дури и тогаш не ја отвара устата, кога Го носат Него, како јагне на колење. А на крајот, пред да Го испушти Својот последен здив оддавајќи се Себеси во рацете на Својот Небесен Отец, Он извикува заедно со пророкот Давид: „Оче Мој, гневот Твој, со кој одамна им се закануваш на луѓето, го испрати на Мене. Страв ги опфати коските мои. Зошто Ме остави?“. Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија (Иса. 53, 5).

Велики Петок. Христос на испрашување пред првосвештеникот Кајафа. Фреска во Старо-Нагорично, Македонија. XII-XIV в.

На плеќите на Единородниот Син, Господ ја постави тежината на човечките гревови, и Синот за нив прима маки. Ете зошто Предвечниот Отец целиот Свој гнев го испраќа на Него, како Он да бил грешник, а оттуѓувањето кое ние сме го заслужиле, заради гревот Адамов, сега тешко паѓа на Синот Божји, Кој не ја сака нашата погибел. Виновноста на Адама била толку голема, што било потребно Самиот Син Божји, да претрпи страшни маки, за да ја смилостиви Божјата Правда.

Ако ние повредиме некое важно лице и би се нашол некој пријател кој би го направил тоа, тогаш ние би се стремеле, повеќе тоа да не го повториме! А тука дојде нашиот Спасител, Кој животот Свој го даде, за да испроси за нас прошка, и да нè измири нас со Него. Колку страшно зло – е гревот, ако Самиот Син Божји дојде да умре, за да го избави човечкиот род од него. Колку страшна навреда е тоа за правдата Божја, ако Отецот, Синот Свој го остава – Синот, Кој врз Себе го зеде нашиот грев. Го остави Бог Него, Кој не ги остави ни ненивјаните кои се покајаа, не ги остави евреите кои роптаа во пустината. Го остави Спасителот, Бог, Кој ни едно суштество не остава, дури ни растение.

Колку страшна треба да биди казната за гревот, ако Единородниот Син, со цената на страшните маки ни го купи избавувањето, трпел за нас во целосна Богооставеност.

Христос не само што не искупи, туку не направи нас, чеда Божји. Христос – е мудриот евангелски трговец, кој продал сè, што имал, и го купил драгоцениот бисер. Христос, бесконечното небесно благо, го заменил со земните страдања, венецот на небесната слава – со трновиот венец, предвечниот престол – со Крстот, жезолот на светот – со трската, ангелското славословие – со горчливите извици: „Распни го, распни го!“ А како возврат на тоа, Он, го здоби за нас бесценетиот бисер – милоста Божја, која Го чинеше богооставеност и мачење.

Таткото, кога го гледа својот син во моментот на операција, трпи, бидејќи знае, дека тоа е добро за неговото здравје. Така и Отецот Небесен, гледајќи ги маките на Својот Син, и слушајќи Го Неговиот извик: „Боже Мој! Боже Мој!“, како да не обраќа на Него внимание, бидејќи знае, дека тие маки и богооставеност на Крстот – претставуваат живот и здравје за сите луѓе.

Велики Петок. Понижување на Христос. Фреска во Старо-Нагорично, Македонија. XII-XIV в.

Зборовите на Спасителот:„Боже Мој! Боже Мој…“, во никој случај не се ропот кон волјата Божја. Како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, (Иса. 53, 7), така без никаков ропот биле Неговите зборови. Со овие зборови Он не сака да ни каже, дека трпи според Божјата  несправедливост, туку сака да ни каже, дека Он навистина трпи. Како Бог, Он можел целосно да не трпи, или да трпи без зборови, но Он трпел како вистински човек, со душа и тело, трпел повеќе, од било кој што можел да истрпи, бидејќи во Неговото тело и душа е соединета човечката природа, Втората Ипостас на Света Троица.

Животот на Спасителот Христос е вистински пример за смирение и трпение, но со ништо убедително не нè учи Христос на смирение, како со зборовите: Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?

Со овие зборови, Христос ни дал нам можност да разбереме, дека заради нас Он доброволно се лишил од славата и честа. А да го направи тоа, може само Оној, Кој ја има добродетелта на смирението во најголема степен.

Распнатиот на Крстот – е Он самиот, Кој со Својот збор, земјата ја утврди, заповеда сонцето да свети дење, а месечината и ѕвездите – ноќе. Кој со сесилната  рака евреите ги изведе од Египет, Кој го потопи фараонот и војската негова. Он е прикован на Крстот, како да нема сила да ги победи Неговите мачители. Јудејските свештеници, војниците и нераскајаниот разбојник, бараат од Него: Ако си Ти, Син Божји, слези од Крстот (Мат. 27, 40). Тие незнаат дека силата на христијанската добродетел е смирението. О, какво смирение и трпение требало да се има, и да не се одговори со страшен гром и да не се покажеш себеси Сесилен! На Крстот, овие четири зборови – со проповед – не учи нас Божествениот Спасител, на најголемата христијанска добродетел – смирението, кое отсуствува меѓу нас.

Да се вратиме на Крстот. Да погледнеме уште еднаш на страдањата на Спасителот Христос, оставен од луѓето и небесата. Да обратиме внимание на зборовите: Боже Мој! Боже Мој!…Тие се страшни и тревожни, бидејќи укажуваат на злото на нашите гревови. Да си спомнеме, дека меѓу гревовите, земени врз Себе од Спасителот на светот, се и нашите гревови. Во Неговите зборови звучи обвинение кон сегого од нас. Ако ние ги занемаруваме Неговите Спасителни страдања, тогаш за нас неизбежен ќе биде Божјиот суд, отфрлање од Бога и напуштеност.

Дедека сеуште има време, да живееме во благочестие и чистота и да го молиме Него: „Исусе, Сине Божји, заради Твоите страдања не оставај не нас грешните“. Амин!

 Митрополит Киевски Владимир (Сабодан)