Без што човекот нe може да биде среќен?

Ветер, зеленило и море. Мириса на живот.

Се чини, дека можеме да се вклопиме во еден летен ден?

Тоа најмногу зависи од нас.

Денот може брзо да се забрза, без да остави, ни трага, ни сенка, а може да се претвори и во бесконечно лето, во кое се одразува вечноста.

Без убавина

Ние низ прсти го пропуштаме животот со неговите неповторливи денови, кои ни излегуваат во пресрет.

Ние летаме покрај главните настани и важни состаноци, непромислено брзајќи кон примамливата иднина, која привлекува и ветува смарагдни растојанија.

А денешниот ден, постепено исчезнува и ги губи последните особини на реалноста. За жал, така поминува и нашиот живот.

Искуството нè секогаш нè учи. Ние не отстапуваме од мислите за утрешниот ден, дури и тогаш, кога нашите погледи за идните настани се разнишуваат, при нашето соочување со реалноста.

Ние го пропуштаме најглавното, односно она на што се држи нашиот живот, а тоа е убавината. Убавината на денешниот ден.

„Ако не сочувствуваш со убавината и не покажуваш љубов кон неа, насекаде каде  што ќе ја сретнеш, тогаш таа во твоето искуство нема да ти се даде“, – говорел И. С. Тургенев.

Без умешност да ја видиме убавината, без свесно размислување за нејзе во нашиот живот и во сите наши секојдневни настани, ние креативно сме осудени на пропаст и безбојност во нашиот живот.

Убавина има во секој Божји ден, и имено од умешноста да ја препознаеме и видиме, зависи квалитетот на нашиот живот и квалитетот на секој Божји ден.

Со умешноста да се увиди убавината наоколу, доаѓа и способноста да се види и убавината во секој човек, не надворешната, туку вистинската, скриената.

Ако се научиме да ја гледаме убавината во она најмалото, тогаш ние ќе можеме да ја сфатиме и убавината на Божјата замисла.

Постојаното трагање и созерцавање на убавината, говори дека сиот наш живот е исполнет со звукот на убавината.

Тој звук ги прекршува сите негативности и зла, и ни остава непобедлива љубов.

Душата се храни со убавина, се вдахновува, и се уништуваат границите на гревот, кои нас не заробуваат.

Убавината расте како мало цвеќе, дури и во безнадежното срце, кое откако ќе ја препознае го исполнува со неискажлива светлина и со мирис на многубројни цвеќиња.

Убавината ја побудува душата да се стреми кон совршенство.

Таа ни ја зајакнува волјата да го препознаваме најдоброто, да го разликуваме најлошото и да го гледаме убавото и него да го прифаќаме.

Човекот, кој не ја познал убавината, не се познал ни себеси, а не го нашол ни својот дух.

Доколку нашиот дух е од Бога, тогаш преку препознавањето на вистинската убавина, можеме да го препознаеме и својот дух, односно како тој откликнува на неа.

Убавината ја враќа хармонијата во човечката природа, го враќа човекот кон Бога, изворот на убавината.

Оној кој ја има убавината во себе, се здобива со нелицемерно смирение пред Творецот, кое го исполнува нашиот живот со такво благодатно благолепие, кое ние го вдишуваме како воздухот, здобивајќи се со вечност и бесмртност.

Таму каде што има смирение, таму има и среќа.

Вистинската убавина е бесмртна. Господ ни го покажал тоа, тука на земјата, преку примерот со најголемите уметнички дела, кои поминале низ вековите и останале надвор од времето и границите, обединувајќи ги со својата убавина и величина сите култури низ вековите.

Посакувам сите да го најдат спасителниот извор, кој според зборовите на класиката „го спасува светот“.

Посакувам сите да се вдахноват со убавината, бидејќи таа на секому му е дадена од Спасителот Господ Исус Христос.

Митрополит Антониj (Паканич)

Извор: http://pravlife.org