Архиерејска Божествена Василиева Литургија во Прилеп

На 25.03 2017 г., во Петтата недела од Великиот пост, посветена на Света Марија Египетска, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот Св. Петка во Точила, Прилеп.

На Литургијата, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Игор Велјановски, а во чин чтец беше ракопроизведен Денис Нејдовски.

После Литургијата, при храмот Света Петка, после 70 години беше основан детски црковен хор.

Откако се насели во пустината, од твојата душа ги оддалечи сликите на страстите, а на нивно место го наслика образот Божји, во светлината на добродетелите; и толку многу си се просветила, што и по водите минуваше лесно, блажена, и во твоите молитви кон Бога, се подигаше и од земјата: и сега смело стоејќи пред Христа, Марие сеславна, моли се за душите наши.

(Стихира на Господи Возвах гл. 6)