За човекот – Фјодор Михајлович Достоевски (I дел)

 

Во зборникот „Златни цитати“, во издаваштво на Сретенскиот манастир, е направен обид да се соберат најпознатите и најзначајни мисли од Фјодор Михајлович Достоевски, кои тој ги ставил во устата на неговите херои или пак изречено од него во многубројни статии и забелешки. Тоа се мисли, кои се однесуваат на главните теми кои го загрижувале писателот сиот негов творечки живот: верата и Бог, човекот и неговиот живот, творештвото, современоста, моралот, љубовта, и секако, Русија.

Достоевский Ф. М. Золотые цитаты : Сборник / сост. Д. А. Кузнецов; ассист. сост. М. А. Курчина. — М. : Изд-во Сретенского монастыря, 2017. — 128 с.
Достоевски Ф. М. Златни цитати : Зборник / сост. Д. А. Кузнецов; М. : Изд.-Сретенски манастир, 2017. — 128 с.

 Човекот е тајна. Таа треба да се одгатне, па дури и да ја одгатнуваш сиот свој живот, не вели дека си го изгубил времето; јас се занимавам со таа тајна, зашто сакам да станам човек.

(Писма. XXVIII/I. С. 63)

***

Човекот не се состои само од едно некакво побудување, човекот – е цел свет, само доколку основната побуда во него е благородна.

(Дневникот на писателот. XXV. С. 170)

***

…Мене ми изгледа, дека сме толку различни луѓето… што во многу околности, немаме многу заеднички точки, но знаете, во последната идеја, ни сам не верувам, затоа што многу често, само така изгледа, дека немаме заеднички точки, а нив ги има многу… од мрзеливост се случува така, луѓето меѓу себе да се сортираат по вид, и ништо да не можат да најдат…

 (Идиот. VIII. С. 24)

***

Никој не може да биде нешто или да постигне нешто, ако претходно не стане себеси.

(Тетратка со забелешки. XX. С. 176)

***

…Причините за дејствијата на човекот, обично се многу посложени и разнообразни, отколку што ние ги објаснуваме, и ретко јасно се исцртуваат.

(Идиот. VIII. С. 402)

***

Која е разликата меѓу демонот и човекот? Мефистофел кај Гете одговара на прашањето од Фауст: „Кој е тој?“ – „Јас сум дел од делот од целото, кое сака зло, а прави добро“. Ах! Човекот би можел да каже за себеси сосема обратно: „Јас сум дел од делот од целото, кое вечно сака, жеднее, гладува по добро, а како резултат на неговите дела – само зло“.

 (Тетратка со забелешки. XXIV. С. 287–288)

***

Во тоа и е ужасот, што кај нас, човек може да ја направи најлошата и најодвратна постапка, притоа воопшто да не биде никаквец! И тоа не е само кај нас, но и секаде во светот е така, секогаш и од почетокот на вековите, во преодните времиња, во времињата на потреси во животот на луѓето, сомнежи и одрекувања, скептицизам и разнишаност во основните општествени убедувања. Но, кај нас тоа е повеќе отколку што некаде е можно, и имено, во наше време и таа црта е најболната и најтажната карактеристика на нашето сегашно време. Во можноста да се сметаш себеси, а некогаш речиси и навистина да не бидеш никаквец, правејќи јавна и неоспорна мерзост – во тоа се состои нашата современа беда!

 (Дневникот на писателот. XXI. С. 131)

***

Сите сакаат да изгледаат благородно. Да прават подлост со благородство.

(Тетратка со забелешки. XXIV. С. 98)

***

…Во нашиот век, никаквецот кој го изобличува благородното – е секогаш посилен, зашто има вид на достоинство, кое се повикува на здравиот разум, а благородниот, сличен на идеалист, прилега на шут.

(Дневникот на писателот. XXV. С. 54)

***

…Постојат три вида на подлеци во светот: наивни подлеци, то ест, убедени, дека нивната подлост е најголемото благородство, подлеци кои се срамат од сопствената подлост, истовремено со непоколеблива намера да ја извршат, и конечно, само подлеци, чистокрвни подлеци.

(Тинејџер. XIII. С. 49)

***

Во спомените на секој човек има такви работи, кои не ги открива на сите, туку само на другарите. Има и такви, кои ни на другарите нема да ги открие, туку само себеси, а и тогаш како тајна. Но има, и такви, кои дури и себеси човек се плаши да ги открие, и таквите работи, кај секој пристоен човек ќе се насоберат, во доволен број.

 (Записи од подземјето. V. С. 122)

***

Својствата на џелат, во нивниот зародиш се наоѓаат речиси во секој современ човек.

(Записи од мртвиот дом. IV. С. 155)

***

Некогаш зборуваат за „ѕверската“ жестокост на човекот, но тоа е страшно несправедливо и навредливо за ѕверовите: зашто ѕверот никогаш не може да биде толку жесток, толку креативен, толку уметнички жесток.

(Браќа Карамазови. XIV. С. 217)

***

Со невозможен човек и односите некогаш добиваат карактер на невозможност, а и фрази, понекогаш излетуваат невозможни.

(Дневниот на писателот. XXIII. С. 17)

***

За ограничениот „обичен“ човек, нема ништо полесно од, на пример, да се умисли себеси за необичен и оригинален човек, и да се насладува со тоа без колебање.

(Идиот. VIII. С. 384)

***

Постојат чудни пријателства: двајцата другари, речиси ќе се изедат, се караат, цел живот така живеат, а не можат да се разделат. Дури и не смеат да се разделат: ако едниот се раскапризничи и ги прекине врските, прв ќе се разболи, а можеби и ќе умре, ако се случи такво нешто.

(Бесови. X. С. 12)

***

Има карактери, кои сакаат да се сметаат себеси за навредени и угнетени, да се жалат за тоа гласно или да се тешат со шепотење, поклонувајќи се на своето непризнаено величие.

 (Неточка Незванова. II. С. 157)

***

Човекот е суштество кое се навикнува на сè, и мислам дека тоа е неговата најточна дефиниција.

 (Записи од мртвиот дом. IV. С. 10)

***

Чесните – секогаш имаат повеќе непријатели, од бесчесните.

(Записная тетрадь. XXIV. С. 230)

(ПРОДОЛЖУВА)

Извор: http://www.pravoslavie.ru