Во Грција, Православната Црква протестира против пропагандата на Содомија во училиштата

Грчката Православна Црква продолжува да протестира против одржувањето на тематска недела во училиштата, со наслов „Телото и идентитетот“, во рамките на која професорите ќе ги научат децата под повозрасните класови на толерантност кон хомосексуализмот и транссексуализмот, соопштува грчкиот информативен портал Агионорос.

„Тематската недела“ која предизвика бурни протести во педагошката средина, беше разгледана и на седницата на Светиот Синод на ГПЦ. Свештеноначалството одлучило да се препрати појаснителното послание на министерот за образование Костас Гавроглу, за да се разработи документот и да се донесе општоцрковен став во однос на таа иницијатива.

Министерот за образование, неодамна, со својата изјава го разгори отпорот уште повеќе. Костас Гавроглу изјави дека „семинарите за родова идентичност“ ќе бидат задолжителни за сите ученици: „Родителите нема да имаат право да не ги пуштат децата на тие часови“.

„Неделата на толерантност“ предизвика протести и меѓу грчкото духовенство и општеството. Многу родители потпишуваат изјави за „одбивање да се учествува во неделата на „телото и идентитетот“. Професорите ги повикуваат да одбијат да го предаваат она „што е спротивно на православната вера и принципите во Евангелието“/

Во отвореното писмо до министерот за образование, Митрополитот Пирејски Серафим го повика веднаш да го спречи ова „надојдувачко безобразие“:

„Јавната демонстрација и пропаганда на хомосексуалноста, не само што го навредува општествениот морал и религиозните чувства, туку ја повикува младината на неадекватно сексуално поведение и претставува мина под фундаментот на грчкото христијанско семејство и општеството, кое доживува сериозна демографска криза, а исто така предизвикува психопатолошки растројства кај децата, кои ќе се воспитуваат од хомосексуални парови“.

Извор: Православие.ру