Свети Великомаченик Димитриј – Архиерејска Вечерна Богослужба

На 07.11.2017 г., во предвечерието на празникот на светиот великомаченик Димитриј Мироточив, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба во соборниот храм на Св. Димитриј, во Битола. 

Кондак, глас 2

Со потоците од крвта твоја Димитрие, Бог ја обои Црквата, давајќи ти сила непобедлива и запазувајќи го градот твој неповреден, зашто ти си негово утврдување.