Свети Јован Шангајски, Битолски – Соопштение

Во спомен на светиот отец наш Јован Шангајски, во црквата Света Троица (Руската црква) во Битола, каде што често и самиот богослужел, денеска, со почеток во 18 часот ќе се отслужи Вечерна Богослужба.

Утре (на 02.07.2017 г.) Божествената Литургија ќе започне во 7 часот.

Кондак 1

Избран чудотворче и прекрасен Угодниче Христов, кој по целиот свет изли многуценето миро, вдахнато и неисцрпно изобилство на чуда, со љубов те фалиме и коленичиме пред тебе:

Радувај се Светителу оче наш Јоване, чудотворче на последните времиња!

Икос 1

Ангел во тело те покажа во последните времиња Творецот на сите твари, преку милоста Божја се грижеше за  луѓето на земјата. Гледајќи ги добродетелите твои, преблажени Јоване, вака коленичиме:

Радувај се, со страв и трепет ја исполнуваше Божјата волја!

Радувај се, во тајните добродетели ја покажуваше благодатта Божја!

Радувај се, исполнет со љубов ги упатуваше ближните кон спасение!

Радувај се, зашто си радост на сите кои  со вера ти се приклонуваат!

Радувај се Светителу оче наш Јоване, Чудотворче на последните времиња!