Соборот на Крит – пат кон раскол / Митрополит Калавритски Амвросиј

Митрополитот Амвросиј (Еладска Православна Црква) му испрати отворено писмо на Константинополскиот Патријарх Вартоломеј. AgionOros.ru објави превод од најважните точки на писмото.

На почетокот на писмото, Митрополитот Амвросиј пишува „за длабоката жалост и чудење“ кое го доживеал, кога дознал, дека Константинополскиот Патријарх, во посланието до Атинскиот архиепископ Јероним го повикал да ја заштити Црквата од „радикалните мислења на Калавритскиот и Пирејскиот митрополит“.

Митрополитот потцрта, дека ваквото писмо може да се гледа како канонско нарушување и „обид да се оствари примат на власт во однос на братска Помесна Црква“, иако Константинополскиот Патријарх има „првенство по чест, а не првенство по власт и вредност“.

По зборовите на митрополитот Амвросиј, резултат на „таканаречениот „Свет и Велик Собор“ во Колимбари на островот Крит стана тоа, што Православната Црква се раздели на многу делови, а христоименитата паства се збуни! Фактички, се развива нова шизма“.

Владиката Амвросиј вели дека на „несветиот“ и не „Велик“ Собор во Колимбари, на Православието му е нанесена длабока рана“. „Погрешно решени“, конкретно, стана признавањето на постоењето на неколку христијански Цркви:

„Излегува дека има многу Цркви? Тогаш зошто во Символот на Верата исповедаме „Една, Света, Соборна и Апостолска Црква“? Зарем тоа не е еклисиолошка противречност, па дури и сериозно догматско извитоперување? Тогаш во што е богословската смисла и содржината на дијалогот (кого го поттикнувате) „со другите христијански Цркви и Исповеданија“? Зарем постоечките и неисправени догматски отклонувања на последните (и покрај децениските одржувани дијалози) ја оправдуваат можноста, инославните да ги нарекуваме „Цркви“?

Митрополитот Амвросиј потцртува, дека никогаш нема да се согласи со вакво „еклисиолошко октлонување“:

„Нема да се откажеме од тебе, возљубено Православие! Нема да те предадеме тебе, од отците предадено почитување! Во тебе се родивме, во тебе живееме и во тебе ќе умреме! И ако времето го побара, и илјада пати ќе умреме за тебе“. (Монах Јосиф Вриениј 1350-1431).

Во заклучокот од своето отворено писмо, митрополитот Амвросиј го повикува Патријархот Вартоломеј „да не настојува на еретичкиот и богохулен став, според кој папистите и протестантите ја составуваат „ЦРКВАТА“. Тие се само гранки, кои некогаш отпаднале од црковното дрво. Денес Црква е само Православната Црква!“.

По зборовите на Калавритскиот митрополит, документот за „Односите на Православната Црква со останатиот христијански свет“, неопходно е да се разгледа повторно, во спротивно, возможен е нов раскол во Православната Црква.

Владиката Амвросиј го повикува Константинополскиот Патријарх да ги прекине гонењата врз оние кои не се согласуваат со решенијата од Критскиот собор и да одржи нов „навистина Свет и Велик Собор“, кој повторно ќе го разгледа прашањето за „Црквите“ и „Христијанските вероисповеданија“.

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru/103201.html